СТОП ЗА ПЕТАРДИТЕ – активности на Општинскиот совет за превенција во Кавадарци

На 18.12.2020 и на 21.12.2020. год. Димитар Каракулев, член на Државниот совет беше вклучен во организирана превентивна кампања против употребата на петардите во Кавадарци, во која се вклучија и личности од јавниот живот на Кавадарци и поширокo, а имено, Пратеникот во Собранието на РСМ, Даниела Колева, Претседателот на Совет од општинско собрание Ристо Сакалиев, претставници од Јавното обвинителство, претставници од Општинскиот Совет за превенција од детско престапништво, претставник од авто – школа, претставници од бизнис секторот и други.
Сите упатија заеднички апел до граѓаните, а посебно до помладите генерации да не се употребуваат петарди и пиротехнични средства за време на Новогодишните и Божиќните празници.
Во текот на кампањата биле поделени новогодишни честитки со содржина против употреба на петарди и можните последици од нив. Овие честитки беа изработени од самите ученици, како и едукативни флаери со законските одредби за тие кои на јавно место пукаат петарди или други пиротехнички средства.
Со кампањата беше опфатено беше централното градско подрачје и плоштадот во Кавадарци.
Во текот на сите активности, беа запазени сите мерки за заштита од Ковид 19.

Top