Соопштение

Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца најостро ги осудува последните случаи на врсничко насилство, а особено последниот загрижувачки и вознемирувачки случај во скопската општина Ѓорче Петров.

Државниот совет повикува на целосна соработка на државните институции, органите на училиштата и родителите во превенцијата на ваквите девијантни појави кои се директно насочени против психо-физичкиот интегритет на децата и заштитата на нивниот најдобар интерес.

Во оваа насока, од исклучително значење е формирањето и функционирањето на општинските совети за превенција на детско престапништво кои како тела треба непосредно да делуваат во насока на превенција на детското престапништво на локално ниво.

Само преку взаемната соработка и сериозен пристап од сите општествени чинители може соодветно да се подигне свеста за одговорно однесување и континуирано спречување на загрижувачката појава на врсничкото насилство во нашето општество.

Top