Членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца

Советот е составен од 15 члена кои ги избира Собранието на Република Северна Македонија со мандат од пет години, со право на повторен избор од кои:
– осум члена на Државниот совет ги предлага министерот за правда и се претставници
од Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика,
Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи,
Министерството за здравство, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија,
Врховниот суд на Република Северна Македонија и од Адвокатската комора на Република
Северна Македонија и
– седум члена на Државниот совет се избираат по пат на јавен оглас, од редот на
истакнати научни и стручни работници кои имаат искуство во областа на заштитата на
правата и интересите на децата, од кои еден претставник е од редот на граѓанските
организации за заштита на децата.

Во работата на Државниот совет учествува претставник од Народниот
правобранител, претставник од Канцеларијата на УНИЦЕФ и претставник од Заедницата
на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).

  • Гордана Лажетиќ, надворешен член, претседател
  • Љубинка Угриновска, надворешен член, потпретседател

Членови на Државниот совет се:

  • Ваљдета Вукељ, МСПДМ
  • Јулијана Лефковска, МП
  • Насер Селмановиќ, МВР
  • Милчо Велјаноски, Врховен суд на РСМ
  • Елена Иваноска Миноска, ЈОРСМ
  • Блета Рама, МЗ
  • Гордана Каркалашева, АКРСМ
  • Љуљзим Хамиди, надворешен член
  • Тања Кикерекова, надворешен член
  • Снежана Пајовиќ Мишевска, надворешен член
  • Томислав Цветковски, надворешен член
  • Наташа Георгиева, надворешен член

Секретар:

  • Цветанка Ацева, МП
Top