Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за децата на седницата одржана на 14 мај 2024 година, одржа тематска расправа во однос на десетте години од влегувањето во сила на Факултативниот протокол на Конвенцијата за правата на детето за индивидуална апликација, којшто е достапен на англиски јазик и на хрватски јазик.
Достапни се и податоци во однос на јуриспруденцијата на Комитетот за правата на децата.
На седницата, освен членовите на ДС, присутни беа и претставник на Народниот правобранител и претставник на УНИЦЕФ.
Тематската расправа започна со презентација од страна на Тања Кикерекова, надворешен член во ДС, по што се разви плодна дискусија.
И во литературата во однос на придобивките се анализираат предностите на можноста детето да има право да поднесува индивидуална апликација.
Беше заклучено дека е потребно и нашата држава да пристапи кон ратификација на овој, трет протокол на Конвенцијата за правата на детето, со оглед на придобивките што децата ги имаат во остварување на своите права.
Како неопходна потреба се наметна прашањето за превод на протоколот на македонски јазик како и да се размисли за обука на професионалците во однос на индивидуалната апликација што децата ќе може да ја поднесуваат.