На покана на Општина Охрид и Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Охрид, претставници на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца присуствуваа на манифестацијата ,,Општински семафор”.
Претставниците на Државниот совет и на Македонското здружение на млади правници, ги поздравија заложбите на Општина Охрид за унапредување на свеста кај младите за одговорно однесување како активни членови на општеството. Воедно, беше потенцирана важноста од меѓусебна соработка, како и значењето на функционален совет кој ефикасно делува на локално ниво.
Во рамки на манифестацијата, во знак на успешната соработка, на Државниот совет му беше доделена благодарница.
