На 8-мата седница на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца одржана на 30 април 2024 година, со почеток во 12 часот се дискутираше за правата на децата и предизвиците во превенцијата на детското престапништво со претставници на Народниот правобранител, г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа, Заменик на народниот правобранител и одговорно лице кое раководи со Одделението за заштита на правата на децата и г-ѓа Жаклина Георгиевска, советник.