Отворен првиот Општински младински центар во Скопје

Општина Центар го отвори првиот општински младински центар во државата (повеќе информации: https://novatv.mk/poraneshno-matichno-stana-mladinski-tsentar/).
Општинскиот младински центар ќе се вика „Матично“, како матична локација на младите, каде ќе можат секојдневно да се дружат, забавуваат, дебатираат, едуцираат и да ги посетуваат различните настани и содржини кои ќе ги понуди центарот.
Идејата за создавање на едно вакво младинско катче произлегла на форумите што ги организирала општината, која го прифатила концептот за младински центар, предложен од група млади од Првиот скопски извиднички одред.

Top