Државниот совет изготви Листа на програми/услуги за секундарна превенција кои биле спроведени во 2022 и 2023 година, во којашто се вклучени:
I. Програмите специјално наменети за потребите на деца кои се идентификувани од системот за социјална заштита на деца што се изложени на (висок) ризик од инволвирање во престапништво, реализирани од Јавната установа Завод за социјални дејности – Скопје
II. Програмите специјално наменети за потребите на деца кои се идентификувани од образовниот систем како деца што се изложени на (висок) ризик од инволвирање во престапништво, реализирани од Бирото за развој на образованието
III. Програмите специјално наменети за потребите на деца кои се идентификувани од системот за правда (за деца) како деца што се изложени на (висок) ризик од инволвирање во престапништво, реализирани од Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје
IV. Програмите специјално наменети за потребите на деца кои се идентификувани од здравствениот систем како деца што се изложени на (висок) ризик од инволвирање во престапништво, реализирани од Институтот за јавно здравје
V. Програмите специјално наменети за потребите на деца кои се идентификувани од како деца што се изложени на (висок) ризик од инволвирање во престапништво, реализирани од УНИЦЕФ