ЕВРОПОЛ – Во период на корона вирусот зголемен е бројот на криминал и педофилија

https://www.europol.europa.eu/crime-areas-and-trends/crime-areas/child-sexual-exploitation

 

Европол во Извештајот укажува дека криминалците се многу флексибилни и брзо се прилагодуваат на новите услови и наоѓаат нови начини како пандемијата на COVID-19 да се искористи за личен профит.

Откриени и разбиени се 37 организирани криминални групи. Начинот на дејствување на криминалните организации е по пат на различни начини на манипулација да се добијат доверливи податоци (корисничко име, лозинка, податоци за кредитни картички и сл.).

Во овој контекст, зголемен е и online надзорот врз педофилите коишто ги демнеат децата што се дома, пред компјутер, се чувствуваат осамени, што ги прави особено ранливи. Бројот на предатори кои демнеат над децата на социјалните мрежи е значително зголемен. Педофилите ја користат ситуацијата да стапат во контакт со децата, да воспостават однос на доверба и да ги убедат на различни активности коишто потоа се злоупотребуваат.

Top