Тематска расправа: Резолуција на Европскиот парламент од 11 март 2021 година за правата на детето во однос на стратегијата на ЕУ за правата на детето (2021/2523 (RSP)

На својата 10та седница, одржана на 25 мај 2021 година, Државниот совет дискутираше во однос на Резолуција на Европскиот парламент од 11 март 2021 година за правата на детето во однос на стратегијата на ЕУ за правата на детето (2021/2523 (RSP).

Резолуцијата се носи во пресрет на новата десетгодишна стратегија за правата на децата, и во неа се нагласува потребата за водење сметка и унапредување на правата на детето, родовите аспекти, правото на образование. Посебно се бара од државите членки да обезбедат ресурси за имплементација на Конвенцијата за правата на детето и во тој контекст потребно е ЕУ да ги засили своите активности за ставање крај на сите форми на насилство и дискриминација врз децата, вклучително физичко, сексуално, економско и психолошко насилство, повреди, злоупотреба, занемарување, малтретирање и експлоатација извршени и преку Интернет и во непосреден контакт со децата жртви, присилен брак, трговија со луѓе, злоупотреба и експлоатација на деца мигранти, тортура, инцест, присилно напуштање на училиштето и употреба на деца како војници. Посебно внимание е обрнато на влијанието на КОВИД-19 и начините како да се надминат последиците во однос на состојбата и правата на децата.

Top