Настан на НВО „Здружение за заштита на правата на детето“

Информација  од завршен настан на НВО Здружение за заштита на правата на детето и одбележување на 20 години јубилеј

Преставници на Државниот совет за превенција од детско престапништво на 19.11.2018 год. на покана на Здружението за заштита на правта на детето учествуваа на  завршен годишен настан со цел информирање за своите активности и постигнувања. Воедно беше одбележан и 20 годишниот јубилеј од формирање на истото. На настанот присуствуваа претставници од Министерство за труд и социјална политика и на институции од системот на социјална заштита, граѓански здруженија, универзитетски професори,  претставници од Канцеларијата на Народниот Правобранител, претставници на здравствен сектор, образование како и деца корисници на услугите кои ги дава здружението.

Здружението 20 години работи на афирмација на детските права преку низа активности, проекти, истражувања, одржување на семинари, симпозиуми, публикација на трудови, но и преку директна работа со деца.

На настанот се даде краток осврт на статусот и состојбата на децата на улици, корисници на услугата Дневен центар за деца на улица во Шуто Оризари кој функционира од 2006 год. Во извештајниот период од септември 2017 год. до јуни 2018 год. Дневниот центар за деца на улица работел со 102 деца кои потекнуваат од 50 семејства со вкупно 299 членови. Поради опожарените простории на ДЦДУ во моментот работат со ограничени капацитети во зградата на Здравствен дом во нас.Шуто Оризари. Се очекува обновување на објектот и просториите  и враќање на Дневниот центар на истата локација.

Врз основа на краткиот осврт кој го дадоа, а се однесуваше за статусот на децата кои го посетуваат ДЦДУ, во заклучните согледување се потенцираше дека тоа е всушност отсликување на положбата на сите деца роми на улица и нивните семејства. Од тие причини се нагласи потребата од помош и заштита на децата од страна на заедницата, институционалниот систем и државата.

Од името на Државниот совет за превенција на детско престапништво кој во изминатите години имаше активна соработка со здружението и им даваше сестрана поддршка во опстојување на Дневниот центар и разрешување на проблемот со општината, им беше честитан јубилејот, со истакнување дека Советот и понатаму афирмативно ќе се изјаснува во однос на нивните активности и ќе ги поддржува истите.

 

Top