Тематска расправа: Правата на децата во рамките на скрининг процесот

На втората седница на ДС одржана на 31.01.2023 година беше одржана тематска расправа во однос на Правата на децата во рамките на скрининг процесот. За таа цел на седницата како гостин-предавач беше поканета г-ѓа Тања Кикерекова од Министерството за правда на РСМ со цел да ги запознае членовите на ДС со тековниот скрининг процес во однос на правата на децата. Г-ѓа Кикерекова преку испрпна презентација ги изложи сите аспекти важни за скрининг процесот во однос на правата на децата. Задоволство на членовите на ДС беше што биле користени податоците што ги има во ГИ на ДС. Членовите на ДС во плодната дискусија го споделија ставот и препораката на г-ѓа Кикерекова дека е особено важно ДС да продолжи со редовно собирање, обработка и објавување на податоците во однос на децата на годишно ниво. Беше заклучено дека нагласените аспекти од мноштвото права на децата на коишто посебно се осврна г-ѓа Кикерекова – детски труд, сексуална злоупотреба и деца жртви – навистина се клучни за да се добие претстава за состојбата со деца во ризик, деца во судир со законот и децата жртви во нашата држава. Како важно беше истакнато што податоците од ДС овозможуваат и споредување на податоците со претходни години што овозможува следење на тенденциите, а не само согледување на состојбите и дека таквата практика треба да продолжи и со извештаите во следните години.

Top