Активности во месецот на борба против болестите на зависност

Во текот на месец Ноември 2022 година кој се обележува како месец на борба против болести на зависност: наркоманија, алкохолизам и пушење цигари од страна на членот на ДС Димитар Каракулев, кој е и волонтер на Црвениот крст во Кавадарци, беа реализирани вкупно 13 едукативни работилници во основните и средните училишта во овој град. Работилниците беа на тема: Спречување на болестите на зависност , а на нив целна група беа малолетници од 8-мо и 9-то одделение од основните училишта, како и ученици од прва и втора година од средните училишта. На овие едукативни работилници присуствуваа околу 650 ученици кои се запознаа со причините за појавата на болестите на зависност кај младите, штетните последици по нивното здравје и превенција и спречување на истите.

Top