Тематска расправа: Споделување искуства со претставниците на Koординативното тело за превенција на детско престапништво од Грузија

На седницата на Државниот совет за детско престапништво што се одржа на 12 април 2022 година, со поддршка на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и меѓународниот експерт Ингрид ван Велзенис, беше одржана online тематска расправа: Споделување искуства со претставниците на Координативното телото за превенција на детско престапништво од Грузија согласно следната агенда.

На тематската расправа двете тела го претставија својот начин на работа, начин на координирање на претставниците од правосудните институции и другите професионалци вклучени во системот за превенција и заштита на правата на децата.
Се разменија практики во однос на начинот на организирање на локалните совети за превенција, начинот на нивното организирање, функционирање и координирање. Координативното тело во Грузија заседава два пати годишно, започнало како иницијатива на јавното обвинителство, но потоа се вклучиле и други релевантни органи: полицијата, пробациските службеници, образованието, судовите, медијаторите, социјалните работници, адвокати и сл.

Тематската расправа беше исклучително корисна за сите учесници, се одвиваше динамично во смисла на поставување прашања и добивање појаснувања и се разви плодна дискусија.
Законот за правда на децата на Грузија содржи корисни решенија.

Врз основа на целокупната дискусија се изведоа следниве заклучоци:
– УНИЦЕФ е spiritus movens за заштита на децата
– Најдобриот интерес на детето е приоритет за сите професионалци во системот за правда за децата
– Меѓународната соработка е добредојдена како облик на размена на искуства и најдобри практики, иновативни пристапи за заштита на децата
– Мултидисциплинарниот пристап е нужен
– Координацијата е предуслов за ефективен систем за заштита на децата
– Обуката и зајакнување на капацитетите е иманентна потреба
– Улогата на локалната самоуправа е многу важна за превенција прилагодена кон потребите на децата
– Буџетска поддршка на активности, мерки и програми од централно и локално ниво е неопходна
– Индивидуалната проценка и постпеналната грижа мора да се унапредуваат
– Одржливост на советите за превенција треба да се остварува преку архивирање на записниците и објавување на годишните извештаи
– Студиските посети се особено важни за непосредно воочување на начинот на функционирање на детската правда и заштитата на децата.

Top