Тематска расправа: Извештај од анализата на извршените советувања на родители/старатели и ученици во основните и средните училишта за учебната 2020/2021 година

На седницата одржана на 29 март 2022 година, ДС одржа тематска расправа во однос на Извештај од анализата на извршените советувања на родителистаратели и ученици во основните и средните училишта за учебната 20202021 година изработен во МОН.

Милка Масникоса го претстави Извештајот од анализата. Се укажа на фактот дека советувањaтa се вршaт согласно Програмата за советување на ученици во основните и средните училишта од 2013 година. Целта на советувањето на учениците е поттикнување на нивниот психосоцијален развој, подобрување на училишниот успех и коригирање на одредени облици на однесување, нивна адаптација во училишната средина и превенција од ризични облици на однесување. Беа презентирани аспектите содржани во Извештајот, се укажа дека би било подобро ако тој во иднина да содржи повеќе аналитички податоци, но дека е за поздравување фактот што е изготвен по пауза од повеќе години.
По излагањето на Милка Масникоса се разви богата дискусија во којашто учество земаа скоро сите членови на ДС.
Беше поздравен напорот на вработената во МОН којашто вложила вонредни напори да ги прибере податоците од училиштата, да воспостави комуникација со нив и да го изготви Извештајот. Се констатираше дека е тој обемен и сеопфатен и содржи многу корисни податоци во однос на советувањето на родителите и учениците во текот на анализираната година. Дискусија се разви и во однос на трендовите на повикани родители во прво и второ полугодие во тековната година, како и во однос на мерките и активностите што се преземаат кон родителите што не се одзвале на три покани од училиштето. Од претставничката на МОН беше укажано дека и во Извештајот е нотирано дека во ваков случај за неактивноста на родителите се известува надлежниот ЦСР. Ова беше оценето како позитивна практика и пример за соработка на училиштата и ЦСР, којашто сеуште не е на задоволителното ниво. Претставниците од МТСП и од ЦСР дискутираа за практиките во ЦСР по добиена пријава од училиштата, дека родителите задолжително се повикуваат, но дека има училишта коишто не доставуваат до ЦСР писмено известување, туку само усно ги информираат. Беше споделена и практика како родители на деца што имаат меѓусебни недоразбирања во училиштето оствариле комуникација преку училишниот психолог со цел надминување на состојбите и спречување на нивно ескалирање.
Заклучоци
Анализата на извршените советувања на родители/старатели и ученици во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година даде појасна слика во однос на тоа дали програмата за советување на родители/старатели и програмата за советување на ученици во основните и средните училишта ги задоволува поставените цели.
Може да се заклучи дека извршените советувања на родители/старатели и ученици во основните училишта овозможиле подобрување на училишниот успех и зголемување на редовноста на учениците. Сепак и бројката на училишта кои се изјасниле како делумно по овие основи не е мала и скоро е приближна. Најголемо влијание, односно најмногу советувањата помогнале да се подобри однесувањето кај ученците, а тоа се потврдува и со фактот согледан од квалитативниот опис по ова прашање на поголем број училишта.
Извршените советувања на родители/старатели и ученици во средните училишта во првото полугодие на учебната 2020/2021 година овозможиле делумно подобрување на училишниот успех во училиштата и делумно зголемување на редовноста на учениците. Исто како и кај основните училишта најголемо влијание, односно најмногу советувањата помогнале да се подобри несоодветното однесување кај ученците. Во второто полугодие може да се забележи дека советувањата извршени на родители/старатели и ученици во средните училишта овозможиле да се подобри училишниот успех, да се зголеми редовноста на учениците, како и да се коригираат одредени облици на несоодветно однесување

Top