Предлог за истражување: Градење на превентивна политика

ПРЕДЛОГ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ ГРАДЕЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНА ПОЛИТИКА на малолетничкото престапништво 2012

Превенцијата на малолетничкото престапништво е големо поле за работа и покрива бројни активности. Потребно е само, државата како основен поддржувач и градител на таквите политики да сака и да може да инвестира. Имено основата за таквата политика е дадена со донесувањето на Законот за малолетничка правда кој претставува голем напредок во заштитата на децата и малолетниците и заштита на нивните права, а посебно со  формирање на Државен совет за малолетничко престапништво. Државниот совет ја изготви Националната стратегија за превенција на малолетничко престапништво (2010-2020), која е првата стратегија во Република Македонија, и со неа се утврдени стратешките насоки и приоритети за спречување на малолетничкото престапништво и претставува добра основа за градење на превентивните политики на национално ниво, а државата тоа треба да го препознае и поддржи.

Врз основа на утврдената состојба и  потребата од итност од превенирање на оваа појава, Државниот совет за превенција на малолетничкото престапништво ќе почне со спроведување на истражувањето.

Посебни области кои ќе бидат предмет на емпириска разработка се:

  1. Правната и институционалната рамка на превентивната политика против малолетничката делинквенција во Република Македонија
  2. Центрите за социјална работа во превенција и рана идентификација на малолетничката делинквенција
  3. Полицијата во превенција и рана идентификација на малолетничката делинквенција
  4. Улога на локалната самоуправа во превенција и рана идентификација на малолетничката делинквенција

Задачи

  1. Правната и институционалната рамка на превентивната политика против малолетничката делинквенција во Република Македонија
  • Анализа на законодавството во превенција
  • Градење превентивни политики
  1. Улога на Центрите за социјална работа во превенција и рана идентификација на малолетничката делинквенција

  • Начинот на спроведување и успешност на мерките на помош и заштита (носители на мерките на помош и заштита, постоечки ресурси за реализација на мерките за помош и заштита, видови на ресурси и нивно користење,)
  • Идентификувани состојби на ризик (вклучително и сторени полесни кривични дела) кај малолетниците врз основа на кои им се изречени мерки на помош и заштита
  • Капацитети на Центрите за социјална работа во спроведување на мерките на социјална превенција и на мерките на помош и заштита
  • Соработка на Центрите за социјална работа со другите институции во спроведување на мерките на социјална превенција и на мерките на помош и заштита
  1. Улога на полицијата во превенција и рана идентификација на малолетничката делинквенција

  • Задачи и одговорности на инспекторите за малолетничка делинквенција
  • Спроведени мерки за превенција и идентификација на малолетничка делинквенција
  • Позорната дејност во функција на непосредно превентивно работење на полицијата
  • Капацитети на полицијата во превенција на малолетничка делинквенција (организациона структура, свест, разбирање за новиот концепт на малолетничка правда)
  • Соработка на полицијата со другите институции во превенција и рана идентификација на малолетничката делинвенција
  1. Улога на локалната самоуправа во превенција и рана идентификација на малолетничката делинквенција

  • Градење на политики на превенција на локално ниво
  • Капацитети на општината
  • Соработка на општината
Top