Учество на Тркалезна маса на тема „Потреби, предизвици и решенија – Што можеме заедно за децата во социјален ризик во Македонија?“

На 21 февруари 2019 година во хотел Арка, Скопје, во организација на ХОПС – Опции за здрав живот, се одржа тркалезна Маса на тема Потреби, предизвици и решенија – Што можеме заедно за децата во социјален ризик во Македонија?“

На оваа средба присуствуваа голем број на претставници од институции вклучени во системот за правда за децата, претставници на здруженија на граѓани,  меѓународни организации и претставници на Државниот совет за превенција на детско престапништво ( Ваљдета Вукељ, Цена Чаловска, Невена Петровска, Миле Гиновски и Елизабета Талеска)  

Целта на средбата беше да се истакнат актуелните состојби со децата во социјален ризик, потешкотиите и проблемите со кои се соочуваат и отварање дискусија по однос на темата.

Средбата ја отвори и со истата модерираше Ивица Цековски, претставник од ХОПС, кој по своето воведно обраќање ги претстави и им даде збор на  панелистите:  Драги Целевски- Народен правобранител на РМ; Влатко Деков-  ЗГ ХОПС; Ваљдета Вукељ- Министерство за труд и социјална политика; Жаклина Дурмиш- ЗГ Дендо вас; Наташа Доковска- Здружение на новинари за човекови права; Деспина Стојановска- Центар за рехабилитација и ресоцијализација и Цена Чаловска- ДСПДП.   Од страна на панелистите беа изнесени состојбите, ставовите, реализираните и планирани активности кои се однесуваат на децата во социјален ризик, што од страна на институциите и граѓанските здуженија е направено до сега на овој план и на што во иднина треба да се работи, секако од аспект на институцијата од која доаѓаат. Фокусот на излагањето на панелистите беше ставен на децата без родители и родителска грижа, децата во судир со законот, децата на улица, децата кои конзумираат дроги и психотропни супстанци и нивната заштита. 

Претставниот од ДС говореше за улогата, целта, надлежностите на советот, реализираните и планирани активности согласно оперативниот план, како и за можноста за соработка на советот со граѓанските здруженија. 

           Во текот на излагањата на панелистите и дискусијата која се отвори беа посочени бројни проблеми кои се однесуваат на заштитата на децата, но и проблеми со кои се соочуваат институциите. Најголем дел од нив се однесуваа на  недостаток на програми наменети за заштита и лекување на оваа категорија деца, недостаток од човечки ресурси и материјално технички средства, немање слух кај институциите за изнаоѓање решенија за проблемите со кои се соочуваат овие деца и нивните семејства, недоволна свесност кај граѓаните за постоење на проблемот и пријавување од нивна страна.

          Покрај проблемите на средбата се разговараше и за можни начини и модели за соработка и заедничко делување во различни области се со цел да им се обезбеди што поголема заштита, помош и поддршка на овие деца.  

Top