Тематска расправа: Новините во Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство од 2021 година

На својата 10-та седница одржана на 25 мај 2021, Државниот совет одржа тематска расправа во однос на новините содржани во Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство од 2021 година, којшто започна да се применува во мај 2021 година.

На расправата беше поканета г-ца Маја Балшиќеска од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Се разви богата дискусија во однос на новопредложените решенија, аспектите поврзани со начелото „должно внимание“ и можноста жртвата да бара судска заштита пред граѓански суд доколку некој од вклучените органи не постапувал согласно ова начело, но и третирањето на насилството како облик на дискриминација.
Посебен акцент беше ставен врз заштитата што овој закон ја овозможува за децата, при што посебно се нагласи дека заштитата се однесува и на девојчињата и на момчињата до 18 годишна возраст.
Дискусијата заврши со анализа на можностите за реинтеграција на жртвата врз основа на пет столбови: поддржано домување; долгогодишна финансиска помош; психо-социијално советување; образование и стручно оспособување; и економско зајакнување и менторско кариерно вклучување на пазарот на трудот.

Линкови до изданија на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
Анализа на економските предизвици со кои се соочуваат жени жртви на насилство откако ја напуштиле насилната средина
Предлог модел за реинтеграција и рехабилитација на жени жртви на семејно насилство
– Базично истражување: постоечки сервиси за реинтеграција на жени жртви во Р. Северна Македонија тука
– Базична студија: Задоволство на жени жртви како кориснички на услугите на Центрите за социјална работа тука
Препораки за унапредување на можностите за вработување на жени жртви на насилство
Што по донесување на новиот Закон за насилство врз жени и семејно насилство?
Препораки за справување со насилство врз жените и семејно насилство во Западен Балкан за време и по здравствената криза со КОВИД-19
Поднесок за тематски извештај на UN SRVAW за силувањето како сериозно и систематско кршење на човековите права и родово засновано насилство врз жените

Top