Состојби со детското престапништво во Општина Куманово

Согласно планираните програмски активности на Држаниот совет за превенција од детско престапништво на 06.11.2018 година Советот организираше работно-информативна средба во Општина Куманово на која присуствуваа преставници од сите надлежни институции, Основниот суд, Обвинителството, МТСП, МВР, МОН( сите директори на училиштата, преставници од стручните тимови, совети на родители, ученици) невладини организации, медиуми и др.
Настанот беше организиран во соработка со Градоначалникот на Општина Куманово преку одделението за образование.
Поводот за одржувањето на оваа средба беше, констатираната состојба со детското престапништво во Општина Куманово што Државниот совет континуирано ја следи преку своите Годишни извештаи за работа на истиот. Имено, Државниот совет констатиранираше дека во оваа општина во изминатите неколку години се бележи скоро иста состојба со детското престапништво споредено со Скопје, што преставува нелогичност гледано од аспект на бројот на жители во овие две споменати општини.
Преку темата: ,,Кои се младите денес- Кој е профилот на денешниот тинејџер,, преставена преку примери од практиката, низ пауер презентација, всушност се одвиваа сите дискусии поврзани со посочениот поводот за кој и беше организирана оваа средба.
На средба посебен белег оставија присутните ученици од основните и средни училишта кои замаа активно учество изнасуваејќи ги своите перцепции, ставови и мислења за проблемите на младите денес, за односот на родителите и наставниците-професорите, за односот на институциите кон проблемите со младите и сл.
Голем дел од присутните, посебно преставниците од образованието пројавија интрес за горе спомената презентација и при тоа истите побараа да им се испрати, се разбира доколку е можно. Нивното барање беше удоволено, поточно, пауер презентација им беше испратена.
Во останатото време, планирано за оваа средба, присутните беа запознати со, улогата, значението и надлежностите на Државниот совет, за Законот за детска правда како и за Националната стратегија за превенција од детско престапништво.
Работната средба беше реализирана од страна на м-р Миле Гиновски и Валентина Димовска членови на Државниот совет за превенција од детско престапништво.

Top