Социјалните и економските ефекти од КОВИД-19 врз децата во Северна Македонија

Во истражувањето за Социјалните и економските ефекти од КОВИД-19 врз децата во Северна Македонија се укажува на фактот дека пандемијата предизвикана од глобалното ширење на коронавирусот Ковид-19 ѝ штетат на социјалната, едукативната и здравствената благосостојба на децата, при што најранливите се најтешко погодени. Децата се директно погодени, преку затворање на училиштата, затворање на воннаставните активности и установи за згрижување на деца, социјалното дистанцирање и изолирање, што носи товар врз нивниот едукативен, когнитивен и емотивен развој, со ризик да ги зголемат нивоата на вознемиреност и стрес. Децата се исто така и индиректно погодени, преку намалувањето на приходите во домаќинството, со што се намалува нивната материјална и социјална благосостојба, го нарушува пристапот до социјална и здравствена заштита, додека за најтешко погодените тука е и ризикот од потхранетост. Клучно е да се разбере дека негативното влијание од кризата „Ковид-19“ може да биде особено силно за некои групи деца, вклучително и за оние кои живеат во сиромаштија, деца со посебни потреби, деца лишени од родителска грижа, деца во притвор и така натаму. Понатаму е важно да се потенцира дека таквото негативно влијание може да се прошири и над 2020 година и да ја продолжи детската сиромаштија во понатамошните детски години, па и понатаму во животот.

Top