Пишување извештаи на независните институции

Во месец декември 2018 година, претставници на Државниот совет за превенција на детско престапништво на РМ , присуствуваа на дводневна обука за пишување на годишни извештаи. Работилництата беше организирана од страна на Собрание на РМ и на OSCE, a присуство зедоа и други независни тела и агенции формирани/избрани од страна на Собрание на РМ.

Во воведниот дел се обратија Саша Гавриќ, виш офицер за демократско владеење од Мисија на ОБСЕ во Скопје и Габриела Збилиќ, советник на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците од Собрание на РМ. Обучувачи на работилницита беа Јелена Јаневска, експерт за комуникации и Резарт Мехмед, национален програмски офицер, Мисија на ОБСЕ во Скопје.

На обуката се работеше на извештаите за 2018 година, се утврдија целите, се работеше на резимето како еден од најзначајните делови на извештајот и се утврдија  заклучоците и препораките на извештајот. Секое тело/агенција работеше на својот извештај со помош на обучувачите и претсавниците од Собрание на РМ.

На крај на обуката се направи евалуација и се утврдија следни чекори. Претставници на Државниот совет за превенција на детско престапништво на РМ  беа Невена Петровска, Цена Чаловска, Тања Кикерекова, Елизабета Талеска и Соња Груевска.

 

Top