Привремени мерки за заштита (ПМЗ) од семејно насилство

Информација од присуство на дебата на тема Привремени мерки за заштита (ПМЗ) од семејно насилство – Добри практики и предизвици

Преставници на Државниот совет за превенција од детско престапништво на 3 декември 2018 година,  во просториите на ЕУ ИНФО Центарот во Скопје, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во рамки на проектот  „Советувалиште за превенција од употреба на дроги и семејно насилство“, поддржан од Град Скопје, присуствуваа на  дебата на тема: Привремени мерки за заштита (ПМЗ) од семејно насилство – Добри практики и предизвици. Оваа активност се спроведува во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“.

Овој настан е од клучно значење за процесот на изрекување и спроведување на ПМЗ, во насока на подобра заштита и превенција од семејно насилство.

Глобалната кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“ се одржува секоја година во периодот од 25 ноември и 10 декември, со цел подигнување на свеста и јакнење на активизмот против насилството врз жени и девојчиња. Целта на дебатата беше да се постават и одговорат прашањата поврзани со потребата од изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство, нивно соодветно следење и спроведување, како и соочување со последиците од ненавременото изрекување на мерките и неспроведување на привремените мерки.

            Настанот го отвори Министерката за труд и социјална политика г-ѓа Мила Царовска и претставник од Министерот за внатрешни работи. Министерката потсети дека неодамна Владата го усвои Акцискиот план за спроведување на Истанбулската конвенција за периодот 2018-2020 година, и на иницираните измени на Кривичниот законик, но и на подготовката на предлог законот за родово засновано насислтво кои се прават во соработка со Министерството за правда.

На настанот се обрати и претседателка на Совет на Град Скопје, г-ѓа Љубица Јанчева кои го финансираат Првиот семеен центар и  претседателка на ХЕРА, г-ѓа Ива Михајловска.

Агендата беше концепирана по сесии и свое обраќање имаа Марта Гусар, адвокатка, Судија од Основен Суд Скопје, директорката на ЈУМЦСР Скопје – Наташа Станојевиќ, Д-р Насер Дурмиши, психотерапевт во Прв семеен центар на Град Скопје, и Д-р Андромахи Наумовска, ЈЗУ Психијатриска болница Скопје – ПМЗ. Темите беа актуелни и поврзани со примена на одредбите на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, недостатоци при постапување, проблеми на терен, меѓусекторкста соработка и сл.

На настанот присуствуваа претставници од ресорните министерства кои постапуваат по законот, институции, судии, обвинители, невладин сектор, адвокати. Членови од Државниот совет за превенција на детско престапништво кои беа номинирани од институциите во кои работат, беа Невена Петровска и Розалита Дојчиноска. Настанот беше медиумски покриен.

 

                                                                    

 

Top