, , , ,
На седницата на Државниот совет одржана на 28 мај 2024 година, се одржа средба со претставниците на
Проектот “Шведска поддршка на полициските реформи во Република Северна Македонија со посебен осврт на зајакнување на капацитетите на полицијата со цел исполнување на меѓународните најдобри пракси и стандардите за човекови права во делот на малолетничката правда и полициското работење во заедницата”.
На седницата членовите на Државниот совет беа запознаени со активностите што се планираат во текот на проектот и се разменија искуства за Барнахус моделот и неговите специфики како еден од пристапите кој обезбедува постапување во најдобар интерес на детето.