На ден 16.06.2020 година, по повод 12 јуни, Денот за заштита на децата од трудова експолоатација, надворешниот член на Државниот совет, Елизабета Талеска, учествуваше во прилог прикажан во утринска емисија на МТВ.
Како држава каде е ратификувана Конвенцијата за правата на детето се залагаме за ефикасно елиминирање на најлошите форми на детски труд. Конвенцијата на права на детето предвидува право на детска заштита од економска експлоатација и работа, сé она што влијае негативно врз развојот на детето, она што го попречува неговото бесплатно образование, заштитата на здравјето и целокупниот развој. Согласно Законот за семејство, врз родителот кој го злоупотребил вршењето на родителското право или ги занемарил родителските обврски со тоа што го присилува детето на работа која не одговара на неговата возраст, се врши надзор над вршење на родителско право (се преземаат мерки на помош и заштита, се заштитува личноста на детето, му се пружа психо-социјална поддршка, се нуди советувалишна работа, се вложуваат напори за редефинирање на односите родител-дете), а се пристапува и кон мерката одземање на родителско право со решение од надлежен суд.
Проблемот со децата на улица станува сé поактуелен и сé поприсутен. Почитувајќи ги начелата за најдобар интерес на децата, правото на децата на живот, опстанок и развој, недискриминација и еднакви можности, Министерството за труд и социјална политика развива стандарди и механизми за давање сеопфатен одговор на ова појава. Министертвото проценува дека е голем бројот на деца на улица од ромската националност, при што е забележана принуда како една од главните причини за трудова експлотација и питачење.
Од страна на Министерството за труд и социјална политика е изготвен Мултидисциплинарен протокол за постапување со деца на улица каде е воведен унифициран и стандардизиран начин за постапување со децата кои се нашле во ризик.
Со цел за надминување на ризикот стручните работници од ЦСР прават проценка и план за работа со децата и родителите со конкретни активности, работат советодавно со семејствата во правец на подигање на родителскиот капацитет, материјално обезбедување, едукација за родителски права и обврски, планирање на семејството, вклучување во редовен воспитно-обрзовен процес, советодавна работа со семејството, проценка на семејниот систем и семејните односи, обрасците на однесување, соработка со здравствените институции, како и соработка со невладиниот сектор.
Се укажува дека е неопходна едукација и на децата и на родители и преземање превентивни мерки за заштита на децата кои се на улица од ризиците на коишто се изложени да станат жртви на кривични дела или сторат кривични и прекршочни дела.