Модел Деловник за работа на општинските совети за детско престапништво

На седницата на Државниот совет одржана на 26 октомври 2021 година, од страна на м-р Константин Битраков, беше презентиран Модел – Деловникот за работа на општински совет за детско престапништво. Модел Деловникот е изработен во рамки на проектот на Civica Mobilitas во однос на Превенција на детско престапништво што го спроведува Македонското пенолошко друштво
Модел Деловникот беше прифатен од членовите на ДС со заклучок да биде дел од материјалите што ќе им бидат достапни на веќе постојните општински совети и оние коишто ќе се формираат во иднина. Модел Деловникот ќе овозможи воедначен начин на работа и функционирање на општинските совети.
Модел Деловникот може да се преземе на следниов линк.

Top