По повод Меѓународниот ден на борба против трговија со луѓе, 18-ти октомври, преку апликацијата ZOOM, од страна на членот на ДС, Димитар Каракулев, беше реализирана онлајн едукација на тема „Спречување на трговија со луѓе“ со 25 ученици од прва година и нивните наставници од средните училишта од Кавадарци и Неготино.
На настанот учество земаа ученици и наставници од вкупно 4 средни училишта, кои ја проследија едукацијата преку своите персонални компјутери.
Во едукацијата учество земаа и 10-тина волонтери од Црвен крст Кавадарци коишто ја проследија едукацијата преку видео бим во просториите на Црвен крст Кавадарци.