На седницата на Државниот совет за детско престапништво се дискутираше за состојбата со општинските совети за детско престапништво. На седницата активно учество и голем придонес дадоа претставниците на планските региони коишто се одзваа на поканата на Државниот совет и тоа: Градоначалничката на Битола, г-ѓа Наташа Петровска, г-ѓа Зујица Ангелова, раководител на Центарот за развој на Источниот плански регион и претставник од Полошкиот плански регион.
Координаторите на останатите плански региони не учествуваа на седницата, во дел поради пасивност, а во дел поради незаинтересираност.