ДЕБАТА ПО ПОВОД ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ПРАВДАТА ПОСВЕТЕНА НА МЕДИЈАЦИЈАТА

Комората на медијаторите на РСМ и ЕПИ организираа дебата по повод Европскиот ден на правдата.
Претседателката на Државниот совет, проф. д-р Гордана Лажетиќ учествуваше на дебата којшто беше посветена на медијацијата како облик на ресторативна правда во домашното казнено законодавство, при што ги истакна предностите на медијацијата во постапките спрема деца и во рамките на соработката на Државниот совет со Комората на медијаторите ги презентираше предложените измени во Законот за правда за децата.

Во оваа прилика, Претседателката ги изнесе и податоците содржани во годишните извештаи на Државниот совет во однос на индикаторот „Постапка за медијација“.
Повеќе информации тука.

Top