Анализа на трошоците во областа на правда за децата

Во периодот од мај до декември 2021 година, Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ Скопје) спроведе Анализа на трошоците во однос на адекватноста, ефикасноста, ефективноста и правичноста на владиниот буџет во областа на правда за деца во Северна Македонија. Анализата беше спроведена во рамките на проектот „Правда за деца – ЕУ за малолетничка правда и правда по мерка на децата”, финансиски поддржан од ЕУ и спроведуван од УНИЦЕФ Северна Македонија. Главната цел на Анализата е да се понудат докази, увиди и можности за подобрувања на исходите кај децата и да се дадат препораки за финансиската распределба неопходна за задолжително градење на капацитетите на професионалците во системот на правда за деца.

Анализата на македонски јазик е достапна на следниов линк.

Анализата на албански јазик е достапна на следниов линк.

Top