Aктивност по повод Меѓународниот ден на борба против трговијата со луѓе

Црвениот крст на Кавадарци на 18 октомври 2023 година, како и претходните години, го одбележа Меѓународниот ден на борба против трговијата со луѓе.Притоа, беше реализирана едукативна работилница во новиот објект на организацијата. На оваа работилница присуствуваа ученици од сите основни и средни училишта во Кавадарци, кои се запознаа со поимот, причините, фазите на трговијата со луѓе, како и превенција од овој вид на организиран криминал.

Top