Родителско отуѓување при случаи на семејно насилство

На 10.12.2019 година во простории на Граѓански ресурсен центар во организација на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – Хера,  учествував на дебата на тема „Родителско отуѓување при случаи на семејно насилство“.

            На трибината воведни обраќања имааа државниот секретар од Министерството за правда, претставник од град Скопје и НВО Хера, кои го истакнаа значењето на темата и сите присутни ги запознаа дека во светски рамки се уште не е дефинирано отуѓувањето. Исто така истакнаа дека истото претставува процес и резултат на психолошка манипулација на детето, кое покажува неоправдан страв, непочитување или непријателство кон родителот и/или други членови на семејството. 

            На трибината учествуваа и Анфромахи Наумовска, психотерапевт и советувач во Прв семеен центар, претставник од Заводот за социјални дејности и претставник од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на град Скопје. Основна цел на дебатата беше дискусија за раната идентификација и превенција на родителското отуѓување при случаи на семејно насилство.

            Модератор на дискусијата беше Фросина Ивановска од НВО Хера.

            На крај на дебатата не се донесоа одредени препораки од причина што во самата дискусија се отворија многу прашања за родителското отуѓување и имаше различни гледишта од страна на сите учесници за темата и затоа се изведе заклучок во иднина почесто да се расправа и зборува за овие суштински животни прашања. На сите засегнати страни со овие прашања им се порача секогаш да постапуваат и да носат одлуки во најдобар интерес на детето.

            Од на дебатата учествуваше членот на Државниот совет, Розалита Дојчиновска.

Top