Проценка на состојбата од ризик од насилство кај децата со попреченост во Р. Македонија

Истражувањето е насочено кон проценка на состојбата со ризик од насилно однесување кај децата со попреченост на возраст до 18 години во Република Македонија, од аспект на фрекфренција и видови на насилни манифестации кон децата со попреченост – како деца жртви, но и насилни дела кои тие ги извршиле и се евидентирани во системот како деца во судир со законот.

 

Истражувањето е спроведено од страна на  Државниот совет за првенција на детското престапништво на Република Македонија. Во дел од истражувањето со свои предлози се вклучија и ПОЛИО ПЛУС, граѓанска организација за движење против хендикеп.

Државен совет за превенција на детско престапништво на Република Македонија

Истражување

,,Проценка на состојбата од ризик од насилство кај децата со попреченост во Р. Македонија,,

2017

Вовед

Сите деца имаат огромен потенцијал. Фокусирање
врз попреченоста без прво да се погледне детето го
ограничува таквиот потенцијал. Како и сите деца, децата
со попреченост имаат перспектива за среќен, целисходен
живот, со витално учество во заедницата, како и за
придонес во изградба на инклузивно и одржливо
општество. Општеството нема да биде праведно доколку
не ги вклучи сите деца, а децата со попреченост нема да
можат да се вклучат, освен ако средината околу нив не се
промени за да го поддржи нивното учество.

Кон меѓусекторски услуги за децата со попреченост
Холенвегер.Џ, Мартинуциј.

Истражувањето е насочено кон проценка на состојбата со ризик од насилно однесување кај децата со попреченост на возраст до 18 години во Република Македонија, од аспект на фрекфренција и видови на насилни манифестации кон децата со попреченост – како деца жртви, но и насилни дела кои тие ги извршиле и се евидентирани во системот како деца во судир со законот.

Истражувањето е спроведено од страна на Државниот совет за првенција на детското престапништво на Република Македонија. Во дел од истражувањето со свои предлози се вклучија и ПОЛИО ПЛУС, граѓанска организација за движење против хендикеп.

Компаративни согледувања за проблематиката во националните и меѓународни истражувања

Со цел да се разбере проблематиката која ја третира ова истражување, која е минимално емпириски покриена во национални рамки, па и пошироко, се дава кратка експликација на проблемот преку резултати добиени од страна на ретки истражувачи кои дошле до емпириски докази дека лицата со попреченост се особено ранлива група со голема веројатноста за појава на насилни искуства во детството, како и подоцна во животот.
Според две студии неодамна објавени во Lancet (2012), и децата и возрасните со попреченост имаат многу поголем ризик од насилство отколку нивните врсници кои немаат попреченост. Процените се вршени од страна на Liverpool John Moores University’s Centre for Public Health, WHO Collaborating Centre for Violence Prevention, WHO’s Department of Violence и Injury Prevention and Disability. Ова се првите студии со кои се потврди големината на проблемот и обезбедија најсилните достапни докази за насилство врз децата и возрасните со попреченост. Тие го нагласија и недостатокот на податоци за оваа тема од земјите со низок и среден приход.
Прегледот за распространетоста и ризикот од насилство врз децата со попреченост, објавен во јули 2012 година, утврди дека тие имаат речиси четири пати повеќе шанси да доживеат насилство отколку децата без попреченост; 3,7 пати поголеми шанси да бидат жртви на секаков вид на насилство; 3,6 пати е поголема веројатноста да бидат жртви на физичко насилство; а 2,9 пати поголеми шанси да бидат жртви на сексуално насилство. Децата со пречки во интелектуалниот развој се меѓу најранливите групи, со 4,6 пати поголем ризик од сексуално насилство отколку нивните врсници без нарушувања.
Двете неодамнешни мета-анализи посочуваат на алармантни стапки на распространетоста на насилството како врз возрасните лица со попреченост (Hughes et al, 2012), така и врз деца (Jones et al., 2012). Зголемениот ризик од насилство и подложноста на насилството кај возрасните лица со попреченост во споредба со здравата популација е околу 50% (Hughes et al., 2012). Поконкретно, деца со пречки во интелектуалниот развој имаат повисока преваленција и ризик од насилство отколку децата со други видови на инвалидност (Jones et al., 2012). Ова откритие е во согласност со истражувања кои покажуваат дека лицата со интелектуална попреченост имаат највисоки стапки на насилство меѓу населението во споредба со двете групи – општата популација и лицата со други видови на попреченост (Lin et al., 2009; Rand and Harrell, 2009).
Иако се смета дека поради попреченоста се зголемува веројатноста децата да бидат злоупотребувани од страна на родителите или нивните згрижувачи/негуватели, се уште нема истражувања за испитување на видови на злоупотреба на децата (на пример, занемарување, физичка злоупотреба наспроти емоционална злоупотреба) и нивната поврзаност со одредени видови на попреченост (на пример, физичка или интелектуална). Многу студии се методолошки слаби и се потпираат на медицинска или образовна евиденција или информации од згрижувачите/негувателите или социјалните работници, отколку на субјективни информации обезбедени директно од страна на лицата со попреченост (Hughes et al., 2012).
Во популационо-базираното истражување (Sullivan & Knutson, 2000) е испитувана распространетоста на злоупотреба и занемарувањето на децата со и без пречки во развојот во врска со одредени видови на попреченост и одредени видови на злоупотреба. Анализата на училишната евиденција и официјалните бази на податоци покажале дека стапката на злоупотреба е 31% кај децата со попреченост во споредба со стапка на злоупотреба од 9% кај децата без нарушувања. Може да се заклучи дека едно од три деца со попреченост се жртви на некој вид злоупотреба, додека кај децата без попреченост во развојот таа се движи еден спрема десет. Децата со различен вид на попреченост имаат 3,44 пати поголема веројатност да бидат жртви на некој вид на злоупотреба во споредба со децата без попреченост.
Стапката на ризик од злоупотреба особено е висока кај децата со ментална ретардација и проблеми во учењето, споредбено со децата со физички недостатоци. Не постојат разлики во формата на злоупотреба која се јавува најчесто помеѓу децата со и без попреченост. За двете групи на деца, занемарувањето е најзастапено, но често е проследено со физичка, сексуална и емоционална злоупотреба.
Во некои истражувања е утврдено дека различни видови на попреченост имаат различни степени на ризик за изложеност на насилство. На пример, според Саливен (2003) децата со нарушувања во однесувањето се соочуваат со поголем ризик од физичка злоупотреба, додека децата со говорни/јазични нарушувања се изложени на ризик од занемарување. Саливан и Knutson (1998), исто така, покажаа дека од сите видови на попреченост, деца со нарушувања во однесувањето и децата со интелектуална попреченост имаат зголемен ризик за сите три форми на злоупотреба и занемарувањето во споредба со оние деца со други видови на пречки (говорни/јазични нарушувања, оштетен слух, проблеми во учењето, здравствени нарушувања и дефицит во вниманието).
Како фактори кои влијаат врз зголемување на ризикот од насилство кај лицата со попреченост се набројуваат стигматизацијата, дискриминацијата, неинформираноста за инвалидноста, како и недостатокот на социјална поддршка за оние кои се грижат за нив. Институционализацијата, исто така, ја зголемува нивната ранливост за насилство. Особено лицата со интелектуална попреченост имаат потешкотии да ги препознаат и пријават насилните искуства.
Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост ја зајакнува потребата за заштита на правата на децата и возрасните со попреченост и промовира нивно целосно и еднакво учество во општеството. Ова вклучува избегнување на несакани ефекти како резултат на насилство кои имаат широк спектар на штетни последици по здравјето и благосостојбата. Кога не успева превенцијата, грижата и поддршката за децата кои се жртви на насилство се од витално значење за нивното заздравување. Во извештајот на СЗО/Светската банка се наведени препораки за подобрување на здравјето и социјалното учество и се промовира деинституционализацијата.

Состојбата во Република Македонија

Општественото опкружување треба да обезбедува поддршка, заштита и третман на децата со попреченост и нивните семејства. Истражувањето на ефектите од инвалидноста на детето врз опкружувањето (Богатинова, Т., 2012) укажува дека во Република Македонија родителите на децата со попреченост имаат за 13,42% поголем степен на невработеност во однос на општата популација. Само 23,73% семејства на деца со попреченост имаат услови за нормален животен стандард (согласно критериумите на Службата за оцена на животниот стандард на населението). Семејствата се соочуваат со емотивни проблеми, намалена поддршка меѓу брачните другари, недоволна поддршка од општествената средина, социјална изолација и недостаток на слобода, физички и емоционален замор. Ретко адекватно се третираат семејните проблеми и потешкотии од страна на професионалците. Недакватното општествено опкружување и ненавремената и неадекватна општествена интервенција, се одразува со јавување на посериозни социјални проблеми, како напуштање на детето, занемарување на детето, физичко или вербално насилство кое со оглед на психо-физичката состојба на детето е тешко да се препознае, и навремено да се третира.
Во Р. Македонија, согласно податоците во Мултииндикаторско кластерско истражување, постои охрабрувачи напредок кон постигнувањето на Милениумските развојни цели и во подобрувањето на состојбата на децата и жените. Меѓутоа, ако погледнеме под површината, јасно е дека многу деца се и понатаму заборавени. Околу 34 % од децата живеат под прагот на релативна сиромаштија. Само шест од десет деца од најсиромашниот квинтил завршуваат основно училиште, споредено со десет деца помеѓу нивните врсници од најбогатиот квинтил. Децата со попреченост во развојот, исто така ја губат можноста за право на образование: се проценува дека само 10 проценти од овие деца одат на училиште. Иако е постигнат наредок со деинституционализацијата на децата, се уште има многу деца со попреченост кои би биле во подобра состојба доколку би живееле во семејства или во помали групни домови, а кои живеат во големи институции каде грижата е несоодветна.
Иако новите законски одредби и стратегии за зголемување на квалитетот на правдата за децата заслужуваат пофалба, потребно е уште да се работи за новите одредби за детската правда да бидат целосно спроведени и за да се обезбедат доволно ресурси за таа цел. Не постои евиденција во национални рамки за состојбата со ризик од насилно однесување, каде децата со попреченост се сторители или жртви на кривични дела.
Резултатите од истражувањето на состојбата со детското престапништво во Република Македонија (Петровска, Н. 2016) покажаа дека инситуциите (образовни и социјални) имаат различен приод на превенција на детското престапништво, работат на различен начин кој има повеќе карактер на стихијна активност, отколку на организирана, планирана и евалуирана активност. Тие се спроведуваат на различно ниво, со различен степен на успешност и во различни услови и ресурси за работа. Семејството, односно дисфункционалното семејство во речиси 90% од одговорите на педагозите е идентификувано како основна причина односно ризик фактор децата да влезат во престапништво. Подеднакво важни фактори се и негативните влијанија и стресори на кои се изложени децата, како на врсничкото насилство, влијанието на медиумите и интернет содржините, намалената воспитна улога на училиштето и други фактори.
За кривични дела каде децата со попреченост се жртви има информации на електронските медиуми, но не постои статистика на порталите на надлежните институции. Исто така, не се достапни ни податоци каде децата со попреченост се учесници во криминални дејства како сторители.
Државниот совет за превенција на детско престапништо во својот Годишен извештај нема податок за тоа колку од децата во ризик, во судир со законот или деца жртви се деца со попреченост. Во Годишниот извештај за работата на советот и за состојбите во областа на правда на детето и детското престапништво за 2015 и 2016 година е прикажана состојбата со детското престапништво во Република Македонија, преку имплементација на Законот за правда за децата од страна на институциите и примена на постапки и мерки кои ги предвидува законот. Имено во Извештајот се следи состојбата со детското престапништво преку следење на трендот на намалување/зголемување на бројот на деца во ризик, деца во судир со законот (сторители на кривични дела и прекршоци), деца жртви на кривични дела, како и постапките кои се преземаат за нивна заштита и третман кои се движат од примена на мерки за помош и заштита, воспитни и алтернативни мерки до примена на казни. За таа цел, Советот усвои листа од триесет и два индикатори за собирање на податоци од институциите.
Од тие причини сметаме дека е неопходна анализа на состојбите во Република Македонија од аспект на децата со попреченост кои може да бидат и жртви на кривични дела, но и сторители, особено во делот на нивна заштита, проценка на потребите, но и ризиците на кои се изложени децата.

Терминолошко определување на поимот лица со попреченост во развојот

Поимот лица со попреченост во развојот од различни автори различно се дефинира, зависно од тоа дали се третира од медицински, од педагошко-психолошки или социјален аспект. Под овој поим се подразбира таква онеспособеност во физички или во психички поглед, што го оневозможува нормалниот психофизички развој кај лицата оставајќи трајни социјални, психолошки, педагошки и други последици.
Попреченоста, односно инвалидноста, суштествено се разликува од болеста. Додека болеста има развоен тек и може да се лекува, инвалидноста/ попреченоста е состојба, таа не може да се лекува, но може преку соодветен рехабилитационен третман значително да се допринесе врз подобрување на преостанатите потенцијали кај личноста. Терминот попреченост може да означува многу разни состојби: од мали потешкотии во учењето, изразени интелектуални потешкотии, оштетување во локомоторниот систем, оштетување на видниот или аудативниот систем, проблеми во перцепија и доживување на надворешниот свет итн.
Причините кај сите видови попреченост можат да бидат хередитарни (наследни), конгенитални (вродени) и аквирирани (подоцна стекнати). Наследните и вродените причини честопати се категоризираат како внатрешни причини, додека подоцна стекнатите се категоризираат како надворешни причини. Наследните причини се јавуваат скоро кај сите, но најмногу кај интелектуалната попреченост. Вродените причини најмногу можат да настанат за време на бременоста кај жената. Надворешните причини настануваат по раѓањето на детето. Тие може да настанат како последица на разни заболувања, механички повреди и други надворешни влијанија.
Според податоците на Светска здравствена организација (СЗО), повеќе од една милијарда луѓе во светот живеат со некој вид на инвалидитет или во просек еден од седум луѓе има некаков инвалидитет. Ова одговара на околу 15% од светската популација. Стапката на инвалидност постојано се зголемува, поради стареењето на населението и глобалниот пораст на хронични здравствени состојби.
Во Република Македонија се проценува дека 10 % или околу 200 000 жители се лица со инвалидитет.
Во националното законодавство се користи различна терминологија за лицата со попреченост. Таа не е усогласена и се третира во зависност од секторот во кој се користи. Најчесто се користат термините: лица со инвалидност, лица со инвалидитет, инвалидни лица, инвалиди, лица со хендикеп, хендикепирани лица, лица со пречки во интелектуалниот развој, лица со посебни потреби и поретко лица со попреченост или лица со специфични потреби.
Уставот на Република Македонија во член 35 став 3 утврдува дека: Републиката им обезбедува посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивно вклучување во општествениот живот. Во член 11 се пропишува дека физичкиот и моралниот интегритет на човекот е неприкосновен и тој забранува секаков вид мачење, нечовечко или понижувач ко однесување или казнување.

Собранието на Република Македонија во 2003 година има донесено Декларација за заштита и унапредување на правата на лицата со посебни потреби во која се зборува за “лица со посебни потреби”, “специфичните потребни на лицата со хендикеп” и лица со хендикеп”.
Освен терминот „инвалидни лица“, во легислативата се користат и други различни термини: попреченост, хендикеп, лица со инвалидност, лица со инвалидитет, лица и деца со пречки во развојот итн. Не постои јасно разграничување помеѓу овие термини и тие се користат како синоними, честопати дури и во рамките на еден закон.
Во Република Македонија видот и степенот на пречките во физичкиот или психичкиот развој се уредува со Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој (Службен весник на РМ бр.2000/30 год) и според него лица со пречки во физичкиот или психичкиот развој кои имаат специфични потреби се: ¬
 лица со оштетен вид (слепи и слабовидни);
 лица со оштетен слух (глуви и наглуви);
 лица со пречки во гласот, говорот и јазикот;
 телесно инвалидни лица;
 ментално ретардирани (лесно, умерено, тешко и длабоко);
 аутистични лица;
 хронично болни лица и
 лица со повеќе видови на пречки.
Оваа терминологија е официјална во медицинскиот, образовниот и социјалниот сектор.
Националната Стратегија за изедначување на правата на лицата со инвалидност (Ревидирана) 2010-2018 година, лицата со инвалидност ги смета оние лица со долготрајни физички, ментални, интелектуални или сетилни нарушувања, кои што во интеракција со различни пречки може да ја спречат нивната целосна и ефикасна застапеност во општеството на еднаква основа како и останатите.
Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) на Светската здравствена организација (СЗО) има за цел да обезбеди унифициран и стандардизиран јазик, како и рамка за опис на здравјето и состојбите поврзани со здравјето. Семејството на меѓународни класификации на СЗО претставува важна алатка за опишување и споредување на здравјето на населението во меѓународен контекст и обезбедува рамка за кодирање на широка низа информации за здравјето (на пример, дијагноза, функционирање и попреченост, причини за контакт со здравствените служби), и тука се користи стандардизиран заеднички јазик кој овозможува комуникација за здравјето и здравствената заштита низ целиот свет, во различни дисциплини и науки. Во меѓународните класификации на СЗО, здравствените состојби (болести, нарушувања, повреди, и сл.) се класифицирани првенствено во МКБ-10 (кратенка за Меѓународната класификација на болести, десетта ревизија).
МКФ има два дела со по две компоненти: Дел 1. Функционирање и попреченост – (a) Телесни функции и структури и (b) Активност и учество; Дел 2. Контекстуални фактори – (c) Фактори на средината I (d) Индивидуални фактори. Секоја компонента може да се изрази во позитивна и негативна смисла.Секоја компонента се состои од различни домени, а во секој домен има категории, коишто се единиците на класификација. Здравјето и состојбите поврзани со здравјето на поединецот може да се набележат со избирање на кодот или кодовите на соодветната категорија и потоа, со додавање на квалификатори, коишто се нумерички кодови со кои се определува степенот или обемот на функционирање или попреченост во таа категорија, или степенот до кој факторот во средината претставува олеснувачки фактор или бариера.
Инвалидските организации, Националниот совет на инвалидските организации, Координативното тело за еднакви можности на лицата со инвалидност го имаат прифатено терминот лица со инвалидност. Претежниот дел од научните работници го преферираат терминот “лица со инвалидност”. Други пак организации чија целна група се лицата со инвалидност го преферираат терминот “лица со хендикеп”.
Средствата за јавно информирање, поред термините лица со инвалидност или хендикепирани лица односно лица со хендикеп, многу често го користат терминот лица со посебни потреби.

Терминолошко определување на поимите дете во ризик и дете жртва на насилство

Законот за правда на децата го определува значењето на поимите и изразите (член 19) каде се наведува следното:
-Дете е секое лице на возраст до 18 години.
-Дете во ризик е секое дете кое наполнило седум, а не наполнило 18 години со телесна попреченост или пречки во менталниот развој, жртва на насилство, воспитно и социјално запуштено, кое се наоѓа во таква состојба во која е отежнато или е оневозможено остварувањето на воспитната функција на родители/и/от, односно старатели/и/от, кое не е вклучено во системот на образованието и воспитувањето, вовлечено во питање, скитање или проституција, кое употребува дроги и други психотропни супстанци и прекурзори или алкохол, а кое поради ваквите состојби е или може да дојде во допир со законот како жртва или како сведок на дејствие кое со закон е предвидено како прекршок или дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело.
Дете во ризик до 14 години, е секое дете кое во времето на извршувањето на дејствието со закон предвидено како кривично дело за кое е утврдена парична казна или затвор над три години или дејствие со закон предвидено како прекршок, наполнило седум, а не наполнето 14 години.
Дете во ризик од 14 до 18 години, е секое дете кое во времето на извршувањето на дејствието,со закон предвидено како кривично дело за кое е утврдена парична казна или затвор до три години или дејствие со закон предвидено како прекршок, наполнило 14 а нема наполнето 18 години.

-Дете во судир со законот од 14 до 16 години е секое дете кое во времето на извршувањето на дејствието, со закон предвидено како кривично дело за кое е утврдена казна затвор над три години, наполнило 14, а нема наполнето 16 години.
Дете во судир со законот над 16 години е секое дете кое во времето на извршувањето на дејствието со закон предвидено како кривично дело за кое е утврдена казна затвор над три години, наполнило 16 години а нема наполнето 18 години;
-Дете-жртва е секое дете на возраст до 18 години кое претрпело штета, вклучувајќи физичка или ментална повреда, емотивно страдање, материјална загуба или друга повреда или загрозување на правата и интересите , како последица на сторено дејствие со закон предвидено како кривично дело. (чл.19 алинеја 7)

Анализа на националната законска легислатива

Република Македонија e меѓу 82-те земји кои што ја потпишаа Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на 30-ти март 2007 година, а Факултативниот протокол го потпиша на 29-ти јули 2009 година.
Законот за ратификација на Конвенцијата и Факултативниот протокол беше едногласно донесен од страна на Собранието на Република Македонија на 5-ти декември 2011 година, при што откако изминаа 8 дена од објавувањето на Законот за ратификација на ОН Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и нејзиниот Факултативен протокол, истите официјално стапија на сила на 22-ри декември 2011 (Службен Весник на РМ, бр.172/2011 од 14 декември 2011 година).
Согласно, член 19 од истата Конвенција се предвидува следново: “Државите потписнички на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост им го признаваат истото право да живеат во заедница, со право на избор еднаков како на другите, и ќе преземат ефективни и соодветни мерки за да им олеснат на лицата со попреченост во целост да го уживаат ова право и нивната целосна вклученост во општество- то, вклучувајќи преземање мерки за да осигураат дека: а) Лицата со попреченост имаат можност да одберат место за свое живеење, со кого и каде ќе живеат, под еднакви услови со другите и нема да бидат обврзани да живеат под определени аранжмани; б) Лицата со попреченост имаат пристап до спектарот служби за поддршка во своите домови, установите за сместување и локалната заедница, вклучувајќи персонални асистенти, неопходни заради поддршка на вклученоста во животот на лицата со попреченост во своите локални заедници и спречување на изолација или исклучувања од општеството; в) Услугите во локалната заедница што се на располагање за општата популација треба да бидат достапни под еднакви услови на лицата со попреченост и во согласност со нивните потреби”.
Кога станува збор за Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, во член 26 се нагласува дека сите земји кои се потписнички на оваа Конвенција (помеѓу кои е и Македонија) треба да преземаат ефикасни и соодветни мерки, вклучено и преку еднаква поддршка, за да им се овозможи на лицата со попреченост да постигнат и одржуваат максимална независност, целосна физичка, ментална, социјална и стручна способност и целосна вклученост и учество во сите аспекти на животот. За таа цел, земјите потписнички организираат, зајакнуваат и опфаќаат обемни услуги и програми за хабилитација и рехабилитација, особено за услугите во областите на здравство, вработување, образование и социјалните услуги.
Законот за ратификација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и Факултативниот протокол ја обврза Република Македонија да продолжи со засилени активности за унапредување на законската рамка и во областите како што се пристапноста, слободата од експлоатација,насилството и злоупотребата, почитувањето на приватноста, домот и семејството и правото на здравствена заштита, наметнувајќи ги како неопходни промени за унапредување на правата и заштитата на лицата со попреченост.

Согласно чл.39 од Конвенцијата за правата на детето ратификувана од РМ се пропишува обврска за државата да ги презема сите соодветни мерки за подобро физичко и психичко закрепнување и за социјална реинтеграција на детето, кое е жртва на некој облик на занемарување, експлоатација, злоупотреба, мачење или некој друг облик на свирепо, нехумано или понижувачко постапување или казнување или оружени судири.Таквото закрепнување и реинтеграција се одвиваат во средината што ги поттикнува здравјето, самопочитувањето и достоинството на детето.
Сите облици на насилство, злоставување, злоупотреба или занемарување со кои се загрозува или нарушува физичкиот, психичкиот или интегритетот на детето претставуваат повреда на едно од основните човекови права, кое Конвенцијата го има подигнато на ниво на принцип односно начело, а тоа е правото на живот, опстанок и развој.
Меѓународните стандарди пропишуваат одредени минимални гаранции кои мора да ги има во секое национално законодавство, за да биде гарантирана заштитата на децата- жртви на насилство или на кривични дела.

Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 11.11.2012 година донесе Одлука за формирање на Национално Координативно тело за имплементација на ОН Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во Република Македонија (Службен Весник на РМ бр.144/2012). Во ова тело членуваат и 7 те Национални Сојузи- членки на Националниот Сојуз на инвалидските организации на Македонија. Во Република Македонија не постои посебна законска регулатива која ја регулира кривично правната заштита од извршено насилство врз деца со попреченост туку таа се остварува во рамки на кривично правната заштита на жртвите и посебно децата жртви опфатена со одредбите од Законот за кривична постапка и Законот за правда за децата.

1.Анализа на националната законска регулатива за заштита и постапување со деца жртви на насилство

Законот за правда за децата во член 6 го утврдува следното:
(1) Децата жртви на дејствија кои со закон се предвидени како кривични дела ги имаат истите права што ги имаат и полнолетните лица жртви пред, за време и по завршувањето на кривичната постапка, како и посебните права признати со Конвенцијата за правата на детето и другите ратификувани меѓународни договори.
(2) Децата жртви на дејствија кои со закон се предвидени како кривични дела и децата сведоци уживаат засилена заштита и поддршка од сите институции, органи и поединци во системот на правда за децата, со цел да се намалат негативните последици врз нив од кривичното дело и да се спречи негативното влијание на постапувањето на институциите врз правилниот развој на детето и да се поттикнат да побараат заштита пред надлежен суд.

Кривичен Законик и Закон за кривична постапка (ЗКП)

Дефиницијата за ЖРТВА во Член 122 став точка 22 од Кривичниот Законик и во Член 21 став 1 точка 4 од Законот за кривична постапка (ЗКП) е идентична и истата гласи:
Под жртва на кривично дело се подразбира секое лице кое претрпело штета, вклучувајќи физичка или ментална повреда, емотивно страдање, материјална загуба или друга повреда или загрозување на неговите основни слободи и права, како последица на сторено кривично дело. Под дете како жртва на кривично дело се подразбира малолетно лице до 18 години.

Во Член 53 од Законот за кривичната постапка се уредуваат правата на жртвата:
Во став 1 од овој член се утврдува дека жртвата на кривично дело ги има следниве права: 1) да учествува во кривичната постапка како оштетен со приклучување кон кривичниот прогон или за остварување на имотно-правното барање за штета; 2) на посебна грижа и внимание од страна на органите и субјектите кои учествуваат во кривичната постапка и 3) на делотворна психолошка и друга стручна помош и поддршка од страна на органи, установи и организации за помош нажртви на кривични дела.
Во став 2 се пропишува дека полицијата, јавниот обвинител и судот постапуваат со посебна грижа спрема жртвите на кривични дела, давајќи им поуки од ставот (1) на овој член и се грижат за нивните интереси при донесувањето на одлуки за кривично гонење против обвинетиот, односно при преземањето на дејствија во кривичната постапка во која жртвата мора лично да присуствува, за што се составува службена белешка или записник.
Во согласност со посебните прописи, жртвата на кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку четири години има право на:1) советник на товар на буџетските средства пред давањето на исказ,односно изјава или поднесување на имотноправно барање, ако има тешкипсихофизички оштетувања или потешки последици од кривичното дело и 2) надоместок на материјална и нематеријална штета од државен фонд под услови и на начин пропишани со посебен закон, доколку надоместокот на штета не може да се обезбеди од осудениот.(став 3)
Во Член 54 од овој закон се уредуваат посебни права на ранливи категории жртви:
Во став 1 се пропишува дека жртвите имаат право на посебни мерки на процесна заштита при давањето на исказ и испитувањето во сите фази на постапката, ако:
1) во време на давањето на исказот се на возраст под 18 години;
2) со давањето на исказ или одговор на определено прашање би се изложиле себеси или блиско лице на сериозна опасност по животот, здравјето или физичкиот интегритет (загрозени жртви) и
3) поради возраста, природата и последиците на кривичното дело, физичкиот или психичкиот инвалидитет или друга значајна здравствена состојба, општественото и културното минато, семејните околности, религиозните уверувања и етничката припадност на жртвата,однесувањето на обвинетиот,членовите на семејството или пријателите на обвинетиот кон жртвата би имало штетни последици врз нивното психичко или физичко здравје или негативно ќе влијае врз квалитетот на дадениот исказ (особено чувствителни жртви).
Посебните мерки на процесна заштита ги определува судот по предлог на јавниот обвинител или на жртвата (кога е дете, може и по барање на родителот или старателот) или по сопствена оцена кога е потребно да се заштитат загрозените и особено чувствителните жртви.(Став 2) При одлучувањето за определување на посебните мерки за процесна заштита судот мора да ја земе предвид волјата на жртвата.
Во став 4 се пропишува дека судот мора да определи посебна мерка на процесна заштита во случаите од ставот (1) точка 1 на овој член, и тоа: 1) кога детето жртва има потреба од посебна грижа и заштита или 2) кога детето е жртва на трговија со луѓе, насилство или сексуална злоупотреба.
Во случаите од ставот (4) на овој член судот мора да определи поединечно или заедно со друга посебна мерка на заштита, видео и тонски запис на исказот и испитувањето на детето за да се користи како доказ во постапката. Во исклучителни случаи, заради нови околности на случајот, судот може да нареди повторно испитување на детето жртва најмногу уште еднаш преку користење на технички средства за комуникација. (став 5)
Во Член 55 се содржани посебни права на жртвите на кривични дела против половата слобода и половиот морал, човечноста и меѓународното право:
1) Жртвата на кривични дела против половата слобода и половиот морал, човечноста и меѓународното право, покрај правата од членот 53 на овој закон, ги има и следниве права:
1) пред испитувањето да разговара со бесплатен советник или со полномошник, доколку во постапката учествува како оштетен;
2) да биде испитувана од лице од ист пол во полицијата и во јавното обвинителство;
3) да не одговори на прашања што се однесуваат на личниот живот на жртвата, а не се поврзани со кривичното дело;
4) да бара испитување со помош на визуелно-тонски средства на начин
определен со овој закон и
5) да бара исклучување на јавноста на главната расправа.
Судот, јавното обвинителство и полицијата се должни да ја поучат жртвата за нејзините права од ставот (1) на овој член, најдоцна пред нејзиното прво испитување, за што составуваат службена белешка или записник.

Во Член 232 се уредува испитување на посебно ранливи жртви и сведоци при тоа се уредува дека испитувањето на дете жртва на трговија со луѓе, насилство или сексуална злоупотреба како посебно ранлива категорија жртва може да се врши со помош на психолог, социјален работник или друго стручно лице и органот што ја води постапка може да одлучи лицето да се испита со помош на технички средства за пренос на слика и звук, без присуство на странките и другите учесници во постапката во просторијата во која се наоѓа оштетениот или сведокот.

Закон за правда за децата
Во Законот за правда за децата во Глава 16 во членовите од 145-153 е уредена заштитата на детето како оштетено или сведок во кривична постапка.
Во член 147 од Законот за правда за децата се предвидени посебни мерки за процесна заштита на деца жртви и деца сведоци:
Како посебни мерки на процесна заштита при давањето исказ судот може да определи: користење екрани за заштита на жртвата од погледот на обвинетиот, прикривање на идентитетот или изгледот, давање исказ преку видеоконференција, отстранување на тогите и капите, исклучување на јавноста, видео и аудио записот да се користи како доказ во судската постапа, земање исказ преку посредство на стручно лице, употреба на посебни технички средства за комуникација и заштита на приватноста на детето и неговото семејство.
Согласно став 1 од член 151 заради обесштетување на дете кое е жртва или е оштетено со дејствие кое со закон е предвидено како кривичнo делo на насилство и на други акти на индивидуално или групно насилство, се издвојуваат средства во рамките на буџетот на Министерството за правда. Министерот за правда, по претходно прибавено мислење од Државниот совет за превенција на детско престапништво, донесува годишна програма со која ги планира изворите и начинот на трошење на средствата од ставот (1) на овој член.
Во член 152 се уредени условите и постапката за остварување на правото на обештетување. Во став 1 се пропишува дека детето за кое со правосилна судска одлука е утврдено дека е жртва, односно оштетено со дејствие што со закон е предвидено како кривично дело или прекршок со елементи на насилство и на кое му е признато имотноправно побаруање, може да поднесе барање за обесштетување од средствата од членот 151 став (1) од овој закон до надлежниот суд, кога поради фактички или правни пречки имотнотоправно побарување не може да се изврши од имотот на сторителот на кривичното дело или другиот акт на насилство и кога од правосилноста на одлуката за имотноправното побарување изминале повеќе од шест месеци.
Барањето од овој член, покрај детето, можат да го поднесат неговите родители/или/от, односно старатели/или/от. Судот ќе донесе решение за обесштетување во износ на досуденото имотноправно побарување, без зголемување по основ на камати или други дополнителни трошоци околу извршувањето на побарувањето. Ако судот го одбие барањето, детето жртва има право на жалба до апелациониот суд во рок од осум дена од денот на приемот на решението за одбивање. Одлуката на апелациониот суд е конечна. Конечното решение за исплата на обесштетувањето судот го доставува до Министерството за правда кое ја извршува исплатата.
Кривичниот законик на Република Македонија го инкриминира насилството во семејството и тој предвидува казни за сите видови мачење, насилство или злоставување. Најнапред, Кривичниот законик на Република Македонија содржи општа дефиниција на поимот семејно насилство а потоа дејствието на извршување на семејно насилство е содржано во следните кривични дела: член 123: Убиство, член 125: Убиство на миг, член 130: Телесна повреда, член 131: Тешка телесна повреда, член 139: Присилба, член 140: Против правно лишување од слобода, член 144: Загрозување на сигурноста, член 191: Посредување во вршење на проституција и член 188: Полов напад врз дете.

Законот за семејство, меѓу останатото ја уредува и постапката за изрекување привремена мерка за заштита од семејно насилство, со членот 94-б став 1 „ забранува секаков вид насилство меѓу членовите на семејството, без оглед на полот и возраста”, каде што попреченоста се споменува во одредба како што е „над лица – членови на семејството чијашто деловна способност е делумно или целосно одземена”. Исто така и во членот 94-в од истиот закон се уредува дека „жртва на семејно насилство може да биде кое било лице од членот 94-б на овој закон, без оглед на полот и возраста”, што подразбира дека и тука важи одредбата „над лица – членови на семејството чијашто деловна способност е делумно или целосно одземена”, а Центарот за социјална работа како орган за старателство во постапката за заштита од насилство е должен да води евиденција и документација за лицата над кои е извршено семејното насилство.

Законот за заштита на децата, во член 12, предвидува значајни одредби за забрана на злоупотреба врз децата: (1) Се забранува секоја форма на дискриминација врз основа на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, вероисповедта, политичкото или другo убедување националното, етничкото или социјалното потекло,културната или друга припадност, имотната состојба,онеспособеноста, раѓањето или друг статус на детето или на неговиот родител или законски старател. Во став 2 се забрануваат сите облици на сексуално искористување и сексуална злоупотреба на децата(вознемирување, детска порнографија и детска проституција), насилно подведување, продажба или трговија со децата, психичко или физичко малтретирање, казнување или друго нечовечко постапување, сите видови експлоатација, комерцијално искористување и злоупотреба на децата, со кои се кршат основните човекови слободи и права и правата на детето.
Со цел создавање единствен систем на заштита од злоставување и занемарување на малолетните деца во Република Македонија, којшто ги опфаќаат и децата со пречки во развојот, континуирано се врши обука на стручни лица од системот на социјалната заштита, образованието, здравството, правосудството, полицијата и невладиниот сектор, за препознавање и преземање заеднички координирани акции за заштита на децата од злоставување и занемарување. Како резултат на зголемената сензибилност на стручната и друга јавност за појавата на злоставување и занемарување малолетни деца, од страна на Владата на Република Македонија и други одговорни државни тела, усвоени се следниве документи со обврзувачки карактер:
Акцискиот план за превенција и справување со сексуална злоупотреба на деца и педофилија 2009- 2012 година, заснован врз Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на децата од сексуална експлотација и злоупотреба, има за цел да обезбеди средства и механизми за спроведување помош и заштита на децата од сексуална злоупотреба и педофилија и воспоставување и унапредување на координиран систем на соработка помеѓу владините институции и помеѓу владиниот и невладиниот сектор, опфаќајќи ги сите области што ја покриваат оваа проблематика.
Протокол за соработка меѓу надлежните институции во случаи на сексуaлна злоупотреба на деца и педофилија, со цел правилно и ефикасно преземање мерки за превенција и справување со сексуална злоупотреба на деца и педофилија во Република Македонија. Со овој протокол се се содржани видовите, начинот и содржината на соработката на надлежните органи во согласност со законите, подзаконските акти и Акцискиот план за превенција и справување со сексуална злоупотреба на деца и педофилија 2009-2012 год., донесен од Владата на Република Македонија, откривањето и спречувањето на сексуалната злоупотреба на деца и педофилија, и тоа во давањето заштита на децата жртви на сексуална злоупотреба и педофилија, како и во промената на однесувањето и интеграцијата на сторителите на ваквите криминогени дела во општеството.
Националната стратегија за изедначување на правата и можностите на лицата со попреченост (Ревидирана) 2010-2018 како посебна цел содржи и остварување на човековите права и основни слободи на лицата со попреченост врз рамноправна основа со другите лица. Имено, Стратегијата содржи мерки кои што се релевантни за заштита на лицата со попреченост, посебно на жените и децата со попреченост, онасилство, злоупотреба и експлоатација, како што се:обезбедување информација за положбата на жената со попреченост во однос на нејзината општествена улога и посебен зголемен ризик во однос на нејзината изложеност на семејно насилство, обезбедување информации за човековите права (како што е и сексуалното и репродуктивно право) на жените со попреченот, преземање мерки за спречувањe насилство, злоставување и експлоатација на жените со попреченост во соработка со релевантните институции и организации на лицата со попреченост и во исто време, развивање програми за психосоцијална и правна подршка на жените со попреченост коишто преживеале насилство, злоставување и злоупотреба, како и преземање мерки и активности со цел зголемување на знаењето и вештините на жените со попреченост за рамноправно и активно учество во заедницата.

2. Анализа на националната законска регулатива која се однесува на состојба кога децата со разни видови на попреченост се извршители на насилно однесување.
Основна карактеристика на Законот за правда за децата е воведувањето и уредувањето на вонсудските постапки за дејствие на дете што со закон е предвидено како кривично дело или прекршок.
Ова произлегува од член 17 во кој се предвидува дека: За дејствие на дете над 14 години кое со закон е предвидено како кривично дело или прекршок, надлежните органи и институции по правило не поведуваат судска постапка за да се избегне штетното влијание врз детето. Судска постапка по правило се поведува само во случаите предвидени како кривично дело со овој закон, ако детето над 14 години сторило дејствие кое е предвидено како кривично дело за кое се изрекува казна затвор од три години или потешка казна, или во случај кога целта на мерките или на санкциите утврдени со овој закон не може да се постигне без таква постапка.

Тие постапки се: постапка со примена на план со мерки и активности за индивидуална работа со детето и родителот (членови 24-29), постапка на посредување (член 30), примена на мерки за одвраќање (членови 75-78) и медијација (членови 79-85).
Спрема дете кое во време на извршување на дејствието, кое со закон е предвидено како кривично дело или прекршок, не наполнило 14 години, не може да се примени санкција утврдена со овој закон. Спрема дете во ризик до 14 години и дете во ризик над 14 години се применуваат со закон предвидените мерки на помош и заштита, кои се од најдобар интерес за детето и неговото воспитување и развој. Овие мерки на помош и заштита се применуваат само кога центарот за социјална работа ќе оцени дека состојбата на ризик се одразува врз развојот на личноста на детето и неговото правилно воспитување.
Мерките може да се применуваат и спрема родителот односно старателот доколку го занемариле или злоупотребиле вршењето на своите права или должности во однос на заштитата на личноста, правата и интересите на детето. Мерките на помош и заштита се мерки утврдени со закон во областа на образованието, во здравствената, социјалната, семејната и во други облици на заштита.(членови 20-23)
Во членовите од 24 до 30 се уредува постапувањето со дете во ризик:
За дејствие на дете во ризик до 14 години, кое со закон е предвидено како кривично дело, за кое е утврдена казна затвор над три години, како и когa во извршувањето на делото учествувале и други лица за кои може да се води постапка пред суд и за дејствие на дете во ризик над 14 години, кое со закон е предвидено како кривично дело за кое е утврдена казна затвор до три години или парична казна, Министерството за внатрешни работи доставува известување до центарот за социјални работи и до надлежниот јавен обвинител.
Стручен тим од Центарот изготвува план со мерки и активности за индивидуална работа со детето и родителот односно старателот за отстранување на причините и тој план го спроведува. Стручниот тим од центарот го спроведува планот.
Доколку центарот и по сите обиди не успее да го спроведе планот, во рок од седум дена од утврдувањето на таквата околност го известува надлежниот судија за деца кој во рок од три дена донесува одлука за примена на мерките содржани во планот, со определени упатства за центарот. на начин и со динамика на преземање на мерките, утврдени во планот.
Ако со дејствието, кое со закон е предвидено како кривично дело или прекршок, детето во ризик прибавило имотна корист или предизвикало штета на друг, центарот посредува меѓу детето во ризик и неговите родителот односно старателот и оштетениот заради заемно помирување и ветување дека нема да се повтори делото и за враќање на имотната корист или надоместување на предизвиканата штета.
Постапката на посредување може да трае најдолго 30 дена по донесувањето на одлуката за поведување на постапка за посредување. За согласноста се составува спогодба што има значење на вонсудско порамнување.( Член 30 ставови 1 и 2)
Во членовите од 75-78 во Глава 11 од Законот се содржани одредби за постапка за примена на мерки на одвраќање.
Така, согласно член 75 од Законот, по пријавата за дејствие што со закон е предвидено како кривично дело сторено од дете над 14 години, за кое е утврдена парична казна или казна затвор до три години, надлежниот јавен обвинител може:
– да не поведе постапка пред судот иако постојат докази дека го сторил дејствието што со закон е предвидено како кривично дело, доколку смета дека не би било целесообразно да се води постапка со оглед на природата на дејствието што со закон е предвидено како кривично дело и на околностите под кои е сторено, на поранешниот живот на детето и на неговите лични својства, како и кога извршувањето на казната или на воспитната мерка е во тек,
– условно да го одложи поведувањето на постапката пред судот за време од шест месеци под услов во тој рок да не стори друго дејствие што со закон е предвидено како кривично дело и да ја надомести штетата или на друг начин да ги поправи штетните последици предизвикани со сторување на делото и
– да не поведе постапка доколку врз основа на извештајот од центарот утврди дека е постигната спогодба меѓу детето и неговото семејство и оштетениот за враќање на имотната корист, надоместувањето на штетата или поправањето на штетните последици на делото.
По исклучок, покрај мерките од членот 75 од овој закон, за дејствија што со закон се предвидени како кривични дела за кои е утврдена казна затвор до пет години, јавниот обвинител може во рок од 30 дена да одлучи да не поведе постапка иако постојат докази дека детето го сторило дејствието што со закон е предвидено како кривично дело, ако смета дека не би било целесообразно да се води постапка со оглед на природата на дејствието што со закон е предвидено како кривично дело и на околностите под кои е сторено, на поранешниот живот на детето и на неговата личност.
Кога до Јавниот обвинител е пријавено дејствие што со Закон е предвидено како кривично дело за кое е предвидена казна затвор до 5 години, надлежниот Јавен обвинител по претходно информирање и добиена писмена согласност од детето, неговиот законски застапник, бранителот и оштетениот, може да ги упати на постапка за медијација.
Во случај кога е поведена судска постапка, надлежниот суд за деца, може од причини на целесообразност, а по претходна писмена согласност на детето и неговиот законски застапник, бранителот и оштетениот до завршување на главниот претрес со решение постапката да ја прекине и да ги упати страните на постапка на медијација.
Постапката за медијација завршува:
– cо склучување на писмена спогодба од страна на медијаторот и страните за
постигнатата согласност за надоместок на материјалната штета и моралната сатисфакција,
– со писмената изјава на медијаторот по извршените консултации со страните дека не се оправдани натамошни обиди за медијација, на денот на поднесувањето на изјавата и
– со истекот на рокот предвиден за завршување на постапката за медијација.

Во членовите од 106-143 се уредува постапката спрема деца за сторени дејствија што со закон се предвидени како кривични дела.
Согласно член 107, Јавниот обвинител пред да одлучи дали ќе поднесе барање за поведување на подготвителна постапка, го сослушува детето во присуство на неговиот родител односно старател и бранителот, освен кога неговата психо-физичка состојба не го дозволува тоа.
Кога се исполнети условите за казнување на дете во ризик над 14 години од членовите 50 до 56 од овој закон Јавниот обвинител може, пред да поднесе барање за поведување на подготвителна постапка, да му предложи на детето, неговиот бранител, родителите/или/от, односно старателите/или/от да се спроведе посебна постапка за признавање на одговорноста и спогодување за висината на казната. Таков предлог Јавниот обвинител може да поднесе во случаите кога располага со докази кои недвосмислено укажуваат дека детето е сторител на кривичното дело, дека е одговорен за стореното дело и дека се исполнети условите за изрекување на казна.
Во постапката за спогодување Јавниот обвинител ќе ги прибере од Центарот за социјална работа сите потребни извештаи и документи што се однесуваат на личноста на детето и ќе обезбеди согласност од оштетениот случајот да се разреши на овој начин.(Член 108)

Табела 1. Преглед на национална легислатива за деца со попреченост
Устав и закони Други акти
– Устав на Република Македонија
– Кривичен законик
– Закон за кривичната постапка
– Законот за семејство
– Законот за заштита на децата
– Закон за правда за децата
– Законот за социјална заштита
– Закон за заштита од дискриминација
– Националниот план за акција за децата (НПАД)
– Програма за развој на заштитата на децата, како што е предвидено со Законот за заштита на децата
– Акциски план за превенција и справување со сексуалната злоупотреба на децата и педофилијата
– Заеднички протокол за постапување во случаите на семејно насилство што ги мапира координираните постапки на сите ресорни министерства и граѓански организации во постапувањето во случаите на семејно насилство.
– Протоколот за постапување со случаите на пријавена сексуална злоупотреба на децата и педофилија.
– Нацрт политика, стратегија и упатства за училишта без насилство
– Националната програма за развој на социјалната заштита 2011- 2021 година
– Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија 2010- 2020 година
– Национална стратегија за изедначување на правата на лицата со инвалидност 2010-2018
– Националната стратегија за еднаквост и недискриминација по основ на етничка припадност, возраст, ментална и телесна попреченост и пол 2016-2018
– Националната стратегија за деинституционализација во системот за социјална заштита во Р. Македонија 2008-2018година
– Национална стратегија за превенција на малолетничкото престапништво.
– Протокол за постапување со децата во ризик и малолетните сторители на кривични дела
– Националната стратегија за борба против трговијата со луѓе 2009-2012 година и Акцискиот план
– Стандардните оперативни процедури за постапување со жртвите на трговијата со луѓе
– Мултидисциплинарниот протокол за постапување (идентификување и упатување) со децата на улица/уличните деца во Република Македонија
– Програмата за реинтеграција на децата-жртви на недозволена трговија со луѓе
– Упатство во за практикување на медицина заснована на докази при децата и семејното насилство

Цели на истражувањето

 Цели на истражувањето

1. Преглед на состојбата со насилство кон/од децата со попреченост на возраст до 18 години, со утврдување на нивната возраста, видот на попреченост, институционалната и регионалната застапеност, како и идентификување на вид на насилство и сторители;
2. Иницирање предлог мерки за воведување на систем на интегрирана евиденција и координирано делување во случај на со насилство кон/од децата со попреченост на возраст до 18 години во Република Македонија

 Задачи на истражувањето

1. Проценување на фрекфренција и видови на евидентирани случаи на насилство кон/од децата со попреченост,од страна на надлежните институции, во однос на нивната возраста, видот на попреченост, институционалната и регионалната застапеност, како и идентификување на вид на насилство и сторители;

2. Анализирање на начини на евидентирање, број на превземени дејства постапување и меѓуинституционална соработа во пракса со насилство кон/од децата со попреченост од страна на надлежните институции и министерства

3. Анализирање на опременоста и екипираноста на институциите за постапување во случај на насилство кон/од децата со попреченост

Целна група

Целната група во истражувањето ги опфаќа стручните лица во :

1. Посебни основни училишта
2. Средни Посебни Основни Училишта и Центри за стручно оспособување на лица со попреченост во развојот
3. Посебни паралелки при редовни основни училишта
4. Дневни центри
5. 32 пилот редовни сновни училишта (во соработка со општините) од осумте плански региони, по 2 училишта од рурална средина и 2 од урбана средина
6. Институции за згрижување на детски престапници
7. Заводот за социјални дејности, Скопје (во соработка со Центрите за социјална работа)
8. Министерство за труд и социјална политика
9. Министерство за внатрешни работи (во соработка со локалните полициски станици од осумте плански региони)
10. Канцеларија на Народен правобранител и

Време и место на реализација

Истражувањето ќе се реализира на територијата на Република Македонија. Рамномерно по во соработка со Општините, ќе бидат застапени пилот училишта од осумте плански региони. Преку министерствата на национално ниво ќе се собираат податоци од образовните и социјалните институции на локално ниво, како и подрачните единици на Министерството за внатрешни работи.
Истражувањето ќе се реализира во период од 6 месеци и тоа: од 01.10.2016 до 28.02.2016 година.
Опфатен период за анализа на податоци е од 01.01. 2017 до 31.04.2017 година

Методологија

Во истражувањето ќе се користат следните техники и инструменти за собирање на податоци:

Прашалници за собирање на податоци (Прилог 1)

Прашалник за стручните служби – образовни инстутуции
Прашалник за стручните служби – институции за социјална заштита
Прашалник – Министерство за внатрешни работи
Писмено обраќање. – Министерство за труд и социјална политика
Писмено обраќање – Народен правобранител

Прашалникот се состои од прашања од отворен и затворен тип. Исто така има дел и со скали за процена на ставови и мислења по одредена тема. Прашањата се однесуваат на податоци за фрекфренција и видови на насилно однесување и евидентирани и пријавени случаи на престапништво, превземени правни и воспитни мерки, воспоставена координирана соработа на релација воспитно-образовни-институции, Центри за социјална работа и МВР. Постоечки интерни документи во институциите врз основ на кои се реагира, информираност и познавање за постоечката законска регулатива и правни механизми на национално ниво, можни причини за појава на несилно однесување.
По потреба ќе се реализираат и теренски посети за интерпретација на резултати.

Статистичка обработка и интерпретација на резултатите

Податоците ќе се претстават табеларно и процентуално, а со дел од нив ќе се изврши и статистичка пресметка на коефициенти на корелација и компаративна анализа во однос на редовната популација или во внатрешноста на одделни групи во одделни региони. За потребите за претставување на податоците и нивна статистичка обработка Државниот совет ќе ангажира статистичар.

Користена литература

1. Claudia Catani* and Iris M. Sossalla Child abuse predicts adult PTSD symptoms among individuals diagnosed with intellectual disabilities, Front Psychol. 2015; 6: 1600., http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4609831/
2. Jones L, Bellis MA, Wood S, Hughes K, McCoy E, Eckley L, Bates G, Mikton C, Shakespeare T, Officer A, Prevalence and risk of violence against children with disabilities: a systematic review and meta-analysis of observational studies.
3. Lancet. (2012) Sep 8; 380(9845):899-907. http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/?term=Prevalence+and+risk+of+violence+against+children+with+disabilities%3A+a+systematic+review+and+metaanalysis+of+observational+studies
4. Sullivan, P.M. (2003). Violence against children with disabilities: Prevention, public policy, and research implications. Conference Commissioned Paper for the National Conference on Preventing and Intervening in Violence Against Children and Adults with Disabilities (May 6-7, 2002), SUNY Upstate Medical University, NY
5. Sullivan, P. & Knutson, J. (2000). Maltreatment and disabilities: A population-based epidemiological study. Child Abuse & Neglect, 24 (10), 1257-1273
6. Hughes K, Bellis MA, Jones L, Wood S, Bates G, Eckley L, McCoy E, Mikton C, Shakespeare T,Officer A. Prevalence and risk of violence against adults with disabilities: a systematic review andmeta-analysis of observational studies. Lancet 2012; doi:10.1016/S0410-6736(11)61851-5
7. http://www.thearc.org/what-we-do/resources/fact-sheets/criminal-justice, People with Intellectual Disability in the Criminal Justice System: Victims & Suspects, By Leigh Ann Davis, M.S.S.W., M.P.A.
8. ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦА ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦА ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦА, 2015- http://www.mtsp.gov.mk/
9. Министерство за внатрешни работи на Република Македонија
10. Меѓународна класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ)© Светска здравствена организација 2017
11. Давитковски,Б. Бужаровска,Г. Калајџиев,Г. Мицковиќ,Д. КОМПАРАТИВЕН ПРЕГЛЕД НА ЗАКОНОДАВСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ИЗВАДОК ОД ПРЕПОРАКИТЕ, Министерство за правда на Република Македонија – Скопје : УНИЦЕФ, 2010,
12. Мултииндикаторско кластерско истражување МИКЦ: 2011. – Скопје : Министерство за здравство : Министерство за образование и наука : Министерство за труд и социјална политика, Институтот за јавно здравје на Република Македонија и UNICEF, 2012. – 244 стр. : табели, граф. прикази ; 29 см
13. Богатинова,Т. (2012) Детето со посебни образовни потреби – семеен и општествен предизвик, Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј,, Скопје, Филозофски факултет, Институт за дефектологија
14. Петровска, Н. 2016 Детско престапништво, Превеннција и превентивни програми, 2016
15. Холенвегер.Џ, Мартинуциј.А (2015) Кон меѓусекторски услоги за децата за децата со попреченост: Стратешки насоки, УНИЦЕФ, Скопје
16. Холенвегер.Џ, Мартинуциј.А (2015) Процена на капацитетите за услуги на секторите здравство, образование и социјална заштита за вклучување на децата со попреченост, УНИЦЕФ, Скопје

Државен совет за превенција од детско претстапништво на Република Македонија

Статистичка обработка и интерпретација на резултатите од истражувањето

,,Проценка на состојбата од ризик кај децата со попреченост во Р. Македонија,, (2011-2016 година)

Автор: м-р Тања Богатинова
Статистичар: Никола Николоски
Носител: Државен совет за превенција на детско престапништво
на Република Македонија

2017

„Проценка на состојбата од ризик кај децата со попреченост во Република Македонија“

Методологија на истражувањето

Ова истражување се спроведе со цел да се добие увид во актуелната состојбата со ризик од насилно однесување кај децата со попреченост на возраст до 18 години во Република Македонија, од аспект на фрекфренција и видови на насилни манифестации кон децата со попреченост (како жртви), но и насилни дела кои тие ги извршиле (како престапници), нивно евидентирање во системот, форми на превземање на превентивни мерки на заштита, законска регулатива која ја третира оваа проблематика, но и механизми на координирано справување со насилството, од страна на воспитно-образовните и социјалните служби.
Истражувањето го спроведе Државниот совет за првенција на детското престапништво. Во дел од истражувањето со свои предлози oколу анализа на законската регулатива и терминолошко определување на поимот попреченост, се вклучи и претставник од ПОЛИО ПЛУС, граѓанска организација за движење против хендикеп.

Цели и задачи на истражувањето

Истражувањето имаше две основни цели:
3. Преглед на состојбата со насилство кон/од децата со попреченост на возраст до 18 години, со утврдување на нивната возраста, видот на попреченост, институционалната и регионалната застапеност, како и идентификување на вид на насилство и сторители;
4. Иницирање предлог мерки за воведување на систем на интегрирана евиденција и координирано делување во случај на со насилство кон/од децата со попреченост на возраст до 18 години во Република Македонија
Задачите на истражувањето беа насочени кон:
4. Проценување на фрекфренција и видови на евидентирани случаи на насилство кон/од децата со попреченост,од страна на надлежните институции, во однос на нивната возраста, видот на попреченост, институционалната и регионалната застапеност, како и идентификување на вид на насилство и сторители;
5. Анализирање на начини на евидентирање, број на превземени дејства постапување и меѓуинституционална соработа во пракса со насилство кон/од децата со попреченост од страна на надлежните институции и министерства
6. Анализирање на опременоста и екипираноста на институциите за постапување во случај на насилство кон/од децата со попреченост
Прашалникот е доставен до следните институции:
 Посебни основни училишта
 Средни Посебни Основни Училишта и Центри за стручно оспособување на лица со попреченост во развојот
 Посебни паралелки при редовни основни училишта
 Дневни центри
 Редовни сновни училишта
 Институции за згрижување на детски престапници
 Заводот за социјални дејности, Скопје (во соработка со Центрите за социјална работа)
 Министерство за труд и социјална политика
 Министерство за внатрешни работи (во соработка со локалните полициски станици од осумте плански региони)
 Министерство за образование
 Канцеларија на Народен правобранител

Повратни информации со потполнет прашалник доставија вкупно 23 институции, 5 од нив одговорија дека не располагаат со податоци по оваа тема. Дел од институциите до кои е доставен прашалникот не доставија повртани информации,

Статистичка обработка и интерпретација на резултатите од проектот
„Проценка на состојбата од ризик кај децата со попреченост во Република Македонија 2011- 2016 година“

1. Број на евидентирани мочињата и девојчињата со попреченост по пол и возрасна група во развојот во Република Македонија во периодот од 2011-2016 година

Доколку се разгледаат резултатите за последните шест години што се однесуваат на евидентираните мочињата и девојчињата со попреченост опфатени во истражувањето може да се забележи дека кај момчињата има повеќе варијации во вкупниот број на евидентирани отколку кај девојчињата (Слика 1).

Слика 1. Вкупен број на деца со попреченост евидентирани од субјектите вклучени во истражувањето

Според податоците во Слика 1 поголем е бројот на евидентирани момчиња со попреченост во развојот отколку девојчиња.

Табела 1 Деца со попреченост во последниве шест години
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 3 1 0 4 6 9 23
5-9 159 132 122 118 108 152 791
10-14 270 200 198 166 189 220 1243
15-18 360 317 313 335 308 299 1932
Вкупно 792 650 633 623 611 680 3989
Од Табела 1 се гледа дека во возрасната група 0-4г. има најмалку евидентирани деца со попреченост во развојот.

Во Табела 1а се дадени резултати за бројот на машките деца според попреченоста во последните шест години земајќи ја предвид нивната возраст.

Табела 1а. Машки деца со пореченост во последните шест години, според возраст
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 3 1 0 3 0 5 12
5-9 82 90 87 78 75 98 510
10-14 176 134 131 115 129 160 845
15-18 216 212 211 227 211 211 1288
Вкупно 477 437 429 423 415 474 2655

Од Табела 1а гледаме дека најмалку биле евидентирани машките деца на возраст од 0 до 4 години, а намногу на возраст од 15 до 18 години.

Табела 1б. Женски деца со пореченост во последните шест години, според возраст
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 0 0 0 1 6 4 11
5-9 77 42 35 40 33 54 281
10-14 94 66 67 51 60 60 398
15-18 144 105 102 108 97 88 644
Вкупно 315 213 204 200 196 206 1334

Од Табела 1б гледаме дека кај девојчињата исто како и кај момчињата најмалку има евидентирани женски деца до 4 годишна возраст.Како што се зголемува возраста на испитаниците опфатени со истражувањето се зголемува и нивната евидентираност, но сепак не треба да се занемари фактот дека попреченоста може да биде стекната подоцна во животот.

2. Број на евидентирани деца со попреченост во развојот во Република Македонија во периодот од 2011-2016 година, согласно видот на попреченоста

2.1. Резултати за децата со слепилоспоред возраста и полот во периодот од периодот од 2011 до 2016 година

Во последните шест години (2011-2016) биле вкупно евидентирани 313 слепидеца. Трендовите на евидентирани слепи лица до 18 годишна возраст можат да се видат на Слика 2.
Слика 2. Евидентирани слепи деца

Од Слика 2 се гледа дека бројот на слепи деца што го забележале институациите вклучени во истражувањето бил поголем во 2011 во однос на 2016г. Најмалку биле забележани слепи деца во 2014г.

Во Табела 2. е даден приказ што се однесува на вкупниот број слепи лица според возрасната група.

Табела 2. Вкупен број на слепи лица според возраст
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 0 0 0 0 0 0 0
5-9 7 4 4 7 11 9 42
10-14 30 34 33 20 23 25 165
15-18 18 20 14 18 19 17 106
Вкупно 55 58 51 45 53 51 313

Од Табела 2 се гледа дека на возраст од 0-4г. не бил евидентиран нити еден случај во текот на периодот од 2011 до 2016, а најмногу слепи лица има во возрасната група 10-14 години.

Табела 2а. Машки слепи лица според возраста
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 0 0 0 0 0 0 0
5-9 3 2 2 5 8 4 24
10-14 17 19 17 10 11 13 87
15-18 10 13 9 12 10 7 61
Вкупно 30 34 28 27 29 24 172

Во Табела 2а. се дадени податоци за евидентираните машки слепи лица според возраст, и гледаме дека најмногубројни се оние на возраст до 10-14 години.

Табела 2б. Женски слепи лица според возраста
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 0 0 0 0 0 0 0
5-9 4 2 2 2 3 5 18
10-14 13 15 16 10 12 12 78
15-18 8 7 5 6 9 10 45
Вкупно 25 24 23 18 24 27 141

Во Табела 2б. се дадени податоци за евидетираните женските слепи лица според возраст, и гледаме дека нивниот број е малку помал од оној на машките. Исто така и тука намногу биле евидентирани деца со попреченост во развојот помеѓу 10 и 14 години

2.2. Резултати за децата со попреченост во интелектуалниот развој според возраста и полот во периодот од периодот од 2011 до 2016 година

Во периодот од 2011 до 2016 година институциите вклучени во истражувањето регистрирале вкупно 3152 деца со попреченост во интелектуалниот развој. Повеќе инфрормации може да се добијат од Слика 3.

Слика 3. Број на лица под 18 години со попреченост во интелектуалниот развој

Од Слика 3. се гледа во 2011 година биле регистрирани најмногу деца со попреченост во интелектуалниот развој. Бројот на евидентирани девојчињата благо опаѓа, а кај момчињата во 2016 година се зголемува.

Табела 3. Вкупен број на деца со попреченост во интелектуалниот развој
според возраст
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 1 0 0 2 0 0 3
5-9 113 85 85 78 66 99 526
10-14 204 137 133 106 129 139 848
15-18 340 291 294 306 281 263 1775
Вкупно 658 513 512 492 476 501 3152

Од Табела 3 се гледа дека најмалку евиденирани децасо попреченост во интелектуалниот развој има на возраст од 0 до 4 години, а најмногу на возраст од 15-18 години.

Табела 3а. Машки деца со попреченост во интелектуалниот развој според возраст
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 1 0 0 2 0 0 3
5-9 63 59 62 51 45 66 346
10-14 137 92 88 76 91 106 590
15-18 205 195 199 209 194 192 1194
Вкупно 406 346 349 338 330 364 2133

Од Табела 3а. се гледа дека бројот на евиденирани машки деца е поголем кај лицата на возраст од 15-18 години, а најмал е кај оние под 4 години.

Табела 3б. Женски децасо попреченост во интелектуалниот развој според возраст
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 0 0 0 0 0 0 0
5-9 50 26 23 27 21 33 180
10-14 67 45 45 30 38 33 258
15-18 135 96 95 97 87 71 581
Вкупно 252 167 163 154 146 137 1019

Од Табела 3б. се гледа дека не се евидентирани случаи со попреченост во интелектуалниот развој на возраст до 4 години, кај нити еден од субјектите вклучени во истражувањето.

2.3. Резултати за деца со аутизам според возраста и полот во периодот од периодот од 2011 до 2016 година

Од Слика 4. се гледа дека институциите вклучени во истражувањето повеќе евидентирале машки лица со аутизам отколку женски.

Слика 4. Лица со аутизам под 18 години

Според Слика 4бројот на машки деца со аутизам регистриран од институциите опфатени со истражувањето е во пораст.

Табела 4. Лица под 18 години со аутизам според возраст
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 0 0 0 0 2 6 8
5-9 13 20 16 17 16 20 102
10-14 16 15 23 28 28 34 144
15-18 0 0 0 5 5 5 15
Вкупно 29 35 39 50 51 65 269

Од Табела 4. Се гледа дека најмал е бројот на евидентирани деца на возраст до 4-години.

Исто така и бројот на евидентираните деца со аутизам помеѓу 15 и 18 години е помал во однос на оние што се во возрасните групи 10-14 и 5-9 години.

Табела 4а. Машки деца со аутизам според возраст
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 0 0 0 0 0 4 4
5-9 10 18 13 14 ии13 15 83
10-14 11 13 20 22 23 29 118
15-18 0 0 0 1 5 5 11
Вкупно 21 31 33 37 41 53 216

Од Табела 4. Може да се види дека најмногу машки деца со аутизам има во возрасната група 10-14 години, а најмалку во онаа од 0-4.

Табела 4б. Женски деца со аутизам според возраст
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 0 0 0 0 2 2 4
5-9 3 2 3 3 3 5 19
10-14 5 2 3 6 5 5 26
15-18 0 0 0 4 0 0 4
Вкупно 8 4 6 13 10 12 53

Исто така, и женските деца со аутизам најмногу се евидентирани во возрасната група помеѓу 10 и 14 години.

2.4. Резултати за деца со хронични заболувањаспоред возраста и полот во периодот од периодот од 2011 до 2016 година

Бројот надеца со хронични заболувањаевидентиран од страна на институциите вклучени во истражувањето изнесува 61 дете за период од шест години. Тоа е претставено во Слика5.
Слика 5. Лица под 18 години со хронични заболувања

Како што може да се види од Слика 5 позначаен број на вакви случаи се регистрирани во 2016 година.

Табела 5. Број на лицасо хронични заболувања под 18 години, според возраста
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 2 0 0 1 1 2 6
5-9 2 3 2 4 0 9 20
10-14 1 3 0 1 0 17 22
15-18 0 2 1 2 0 8 13
Вкупно 5 8 3 8 1 36 61

Од Табела 5. гледаме дека бројот на деца со хронични заболувања на возраст од 0-4 години е многу мал.

Табела 5а. Број на машки лица со хронични заболувања под 18 години, според возраста
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 2 0 0 1 0 1 4
5-9 2 3 1 2 0 5 13
10-14 1 2 0 0 0 10 13
15-18 0 1 0 2 0 4 7
Вкупно 5 6 1 5 0 20 37

Машките лица помали од 18 години глвно се евидентирани во 2016 година, а најчесто биле на возраст од 5 до 9 години, односно од 10 до 14 години.

Табела 5б. Број на женски лица со хронични заболувања под 18 години, според возраста
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 0 0 0 0 1 1 2
5-9 0 0 1 2 0 4 7
10-14 0 1 0 1 0 7 9
15-18 0 1 1 0 0 4 6
Вкупно 0 2 2 3 1 16 24

Женските деца со хронични заболувања се евидентирани помалку во однос на машките. Најмалку од нив се евидентирани во возрасната група од 0-4 години. Во 2011 година не било евидентирано ниту едно вакво лице од институциите вклучени во истражувањето.

2.5. Резултати за лицата под 18 години со комбинирани пречки во развојот

Бројот на деца со со комбинирани пречки во развојотшто се регистрирани од страна на субјектите вклучени во истражувањето изнесува 164 деца за период од шест години.

Слика 6. Лицата под 18 години со комбинирани пречки во развојот според полот

Од Слика 6 гледаме дека евидентирањето на децатасо комбинирани пречки во развојот е во опаѓање, а тоа е поизразено кај женските деца.

Табела 6. Лицата под 18 години со комбинирани пречки во развојотспоред возраста
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 0 1 0 1 1 1 4
5-9 23 16 12 10 13 13 87
10-14 15 9 9 11 8 5 57
15-18 2 4 4 4 3 5 22
Вкупно 40 30 25 26 25 24 170

Од Табела 6 гледаме дека најмал е бројот на евидентирани децасо комбинирани пречки во развојот е во возрасната група од 0-4 години.
Табела 6а. Машки лица под 18 години со со комбинирани пречки во развојот според возраста
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 0 1 0 0 0 0 1
5-9 4 6 8 6 8 7 39
10-14 8 6 6 7 4 2 33
15-18 1 3 3 3 2 2 14
Вкупно 13 16 17 16 14 11 87

Од Табела 6а. се гледа дека само едно машко лице на возраст од 0-4 години е регистрирано од страна на институциите вклучени во истражувањето.

Табела 6б. Женски лицата под 18 години со комбинирани пречки во развојот според возраста
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 0 0 0 1 1 1 3
5-9 19 10 4 4 5 6 48
10-14 7 3 3 4 4 3 24
15-18 1 1 1 1 1 3 8
Вкупно 27 14 8 10 11 13 83

Од Табела 6б. се гледа дека бројот на деца со со комбинирани пречки во развојот е најмал кај возрасните групи од 0 до 4 години и кај оние од 15-18 години.

2.6. Резултати за лицата под 18 години со друг вид на попреченост вклучени во истражувањето

Табела 7. Број на лицата под 18 години со друг вид на попреченост опфатени со истражувањето
Вид на попреченост Број на лица во последните шест години (2011-2016) Машки Женски
Глуви деца 5 3 2
Деца со пречки во гласот, говорот и јазикот 5 2 3
Деца со телесна инвалидидност 14 5 9
Деца со друг вид на попреченост 0 0 0

Како што може да види од Табела 7 бројот на: глувите деца, децата со пречки во гласот, говорот и јазикот, децата со телесна инвалидност и друг вид на попреченост е мал, односно не се добиени бараните податоци кои подоцна би биле анализирани. Затоа овие податоци се наведени информативно.

Табела 7а. Глуви лица под 18 години според возрсата опфатени со истражувањето
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 0 0 0 0 0 0 0
5-9 0 0 0 0 0 0 0
10-14 2 1 0 0 1 0 4
15-18 0 0 0 0 0 1 1
Вкупно 2 1 0 0 1 1 5

Табела 7б. Лица со пречки во гласот, говорот и јазикот под 18 години според возраста опфатени со истражувањето
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 0 0 0 0 1 0 1
5-9 0 2 2 0 0 0 4
10-14 0 0 0 0 0 0 0
15-18 0 0 0 0 0 0 0
Вкупно 0 2 2 0 1 0 5

Табела 7б. Лица со телесна инвалидност под 18 години според возрсата опфатени со истражувањето
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 0 0 0 0 1 0 1
5-9 1 2 1 2 2 2 10
10-14 2 1 0 0 0 0 3
15-18 0 0 0 0 0 0 0
Вкупно 3 3 1 2 3 2 14

3. Резултати за насилството изршено врз децата со попреченост во развојот во Република Македонија во периодот од 2011 до 2016 година

3.1. Број на деца со попреченост во развојот како жртви на насилство, во однос на возраста и полот

Со истражувањето е најдено дека 107 лица под 18 годишна возраст биле жртви на насилство. Од нив 106 биле деца со попреченост во интелектуалниот развој, а едно е дете со аутизам. Детето со аутизам припаѓа на возрасната група помеѓу 10 и 14 години, а насилството врз него е евидентирано во 2016 година.

Слика 8.Број на деца со попреченост во интелектуалниот развој како жртви на насилство

Од Слика 8 се гледа дека повеќе машките лица под 18 години со попреченост во интелектуалниот развојбиле жртви на насилство и дека истото во последните години е позачестено.
Табела 8. Лица под 18 години со попреченост во интелектуалниот развојжртви на насилство
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 0 0 0 0 0 0 0
5-9 0 0 0 0 0 2 2
10-14 8 7 7 6 5 8 41
15-18 16 12 11 5 7 12 63
Вкупно 24 19 18 11 12 22 106

Од Табела 8 се гледа повозрасните лица со попреченост во интелектуалниот развојбиле жртви на насиство.

Табела 8а. Машки лица под 18 години со попреченост во интелектуалниот развој жртви на насилство, според возраста
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 0 0 0 0 0 0 0
5-9 0 0 0 0 0 2 2
10-14 5 4 5 4 4 7 29
15-18 12 8 7 4 7 11 49
Вкупно 17 12 12 8 11 20 80

Од Табела 8а гледаме дека повозрасните лица биле жртви на насилство.

Табела 8б. Женски лица под 18 години со попреченост во интелектуалниот развој жртви на насилство, според возраста
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 0 0 0 0 0 0 0
5-9 0 0 0 0 0 0 0
10-14 3 3 2 2 1 1 12
15-18 4 4 4 1 0 1 14
Вкупно 7 7 6 3 1 2 26

Разликите во бројот на женски децасо попреченост во интелектуалниот развојкако жртви на насилство во поглед на возрасните групи 10-14 и 15-18 не се многу изразени.
Институциите вклучени во истражувањето немаат евидентирани жртви на насилство со друг вид на попреченост (категоријата „друго“).

3.2. Евидентирани сторители на насилство врз децата со попреченост

Во поглед на тоа кој се јавува како сторител на насилство врз детето со попреченост добиените резултати се следниве (ранг листа):
1. Роднина, сосед;
2. Медицинско лице;
3. Член на семејството: мајка, татко, брат или сестра;
4. Стручно лице;
5. Наставник, тренер;
6. Друго;

3.3. Видови на насилство врз децата со попреченост во развојот

Најзастапени видови на насилство врз децата со попреченост се следниве (ранг листа):

1. Влечење, штипење и удар по лице;
2. Виткање;
3. Удар по телото;
4. Друго;

3.4. Други податоци

Што се однесува до тоа кој го открива насилството врз децата со попреченост резултатите се дадени во следнава ранг листа:

1. Роднина, сосед;
2. Брат, сестра, стручно лице;
3. Медицинско лице;
4. Наставник тренер;
5. Мајка;
6. Татко;
7. Друго;

Резултатите за тоа кој го пријавува насилството врз децата со попреченост резултатите се дадени во следнава ранг листа:

1. Роднина, сосед;
2. Брат, сестра, стручно лице;
3. Мајка, медицинско лице;
4. Наставник, тренер;
5. Татко;
6. Друго;

4. Резултати за деца со попреченост во развојот во Република Македонија кои извршиле насилно дело во периодот од 2011 до 2016 година

4.1. Лица со попреченост под 18 години сторители на насилство

Слика 9. Лица со попреченост под 18 години сторители на насилство, според полот

Од Слика 9 се гледа дека машките деца се повеќе застапени како сторители на насилство во однос на женските деца. Во текот на годините бројот на машки деца кои извршиле насилство расте.

Табела 9. Вкупен број на сторители на насилство
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 0 0 0 0 0 0 0
5-9 0 0 0 0 0 0 0
10-14 0 0 5 6 5 3 19
15-18 0 0 7 7 1 16 31
Вкупно 0 0 12 13 6 19 50

Од Табела 9 може да се види дека во 2016 година биле евидентирани повеќе случаи на сторено насилство од страна на лицата со попреченост во развојот, во однос на претходните години.

Табела 9а. Машки лица со пореченост сторители на насилството
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 0 0 0 0 0 0 0
5-9 0 0 0 0 0 0 0
10-14 0 0 4 5 4 2 15
15-18 0 0 5 4 0 14 23
Вкупно 0 0 9 9 4 16 38

Според податоците доставени од субјектите вклучени во истражувањето во 2016 година биле евидентирани најмногу машки сторители на насилство (Табела 9а).

Табела 9б. Женски лица со пореченост сторители на насилството
2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
0-4 0 0 0 0 0 0 0
5-9 0 0 0 0 0 0 0
10-14 0 0 1 1 1 1 4
15-18 0 0 2 3 1 2 8
Вкупно 0 0 3 4 2 3 12

За разлика од машките, женските лица со попреченост се помалку евидентирани како сторители на насилство и нема отскокнувања во било која година.
Децата со попреченост во развојот сторители на насилство се на возраст поголема од 10 години.

4.2. Ранг листа на деца извршители на насилство

Ранг листа на деца извршители на насилство според видот на попреченоста:

1. Деца со интелектуална попреченост, како и деца со интелектуална и некој друг вид на попреченост;
2. Деца со оштетен говор и слух;
3. Деца со аутизам;
4. Деца со повеќе видови попречности;

Ранг листа на жртви на насилство од страна на децата со попреченост:

1. Другите деца;
2. Самоповредување;
3. Наставници, дефектолози, воспитувачи,наставници, инструктори;
4. Медицински кадар;
5. Членови од семејството: брат, сестра, мајка татко;

Ранг листа на лица кои го откриваат насилството што децата со попреченост го извршиле:

1. Стручно лице;
2. Роднина, сосед, медицинско лице;
3. Мајка;
4. Татко;
5. Брат, сестра;
6. Наставник тренер;
7. Друго;

Ранг листа на лица кои го пријавуват насилството што децата со попреченост го извршиле:

1. Мајка;
2. Татко;
3. Роднина, сосед;
4. Стручно лице;
5. Медицинско лице;
6. Наставник тренер;
7. Тренер;
8. Друго;

5. Екипираност на институциите за превенција од насилство за децата со попреченост во развојот во Република Македонија

5.1. Програми за превенција на насилно однесување

Слика 10. Процент на институции коии имаат програми за превенција на насилно однесување

Од Слика 10 се гледа дека најголем дел од институциите немаат програми за превенција на насилно однесување. Од вкупно 23 институции во истражувањето, само 4 имаат некаков вид на превентивна програма. Сите 4 се образовни институции.

Видови на програми за превенција на насилно однесување во образовните институции:

• Акционен план за превенција од насилството;
• Правилник за постапување во случај на насилство;
• Психолошки работилници за конфликтите и нивно разрешување;
• Кодекс на оденсување на учениците;
• Програми на стручните соработници, класните раководители, воспитувачите;
• Куќен ред;
• Предавања и работилници на одделенские часови, презентации, слободни активности;
• Програма за безбедни училишта;
• Програма за поддршка на ученици со емоционални проблеми;
• Програма за превенција на насилно однесување;
• Активности за развој на комуникациски вештини;
• Спортски бон-тон превенција и репресија на насилството на фудбалските стадиони;
• Филм изработен од учениците за ненасилно однесување;

5.2. Превентивни активности, евиденција и меѓусекторкса соработка

Најголем дел од институциите не спроведуваат активности за ненасилно однесување. Тоа е претставено во Слика 11.

Слика 11. Фрекфренција на спроведени активности за превенција од насилство

Најголем дел од институциите вклучени во истражувањето се изјасниле дека дека не се евидентира насилство кон децата со попреченост во развојот (Слика12).

Слика 12.Фрекфренција на евиденција на случаите на насилство
кон децата со попреченост во развојот

Слика 13.Развиеност на меѓусекторската соработка

Најголем број од институциите вклучени во истражувањето сметаат дека не постои меѓусекторска соработка во полето на евиденција на случаите на насилство кон децата со попреченост во развојот.
Во однос на воспоставената меѓусекторска соработка за постапување во случајот со насилство, институции кои најчесто соработуваат меѓусебесе:
• МВР;
• Центрите за социјална работа;
• Здравствени установи, особено институции специјализирани за менталното здравје;
• Јавниот овинител;

Не постојат системски податоци за студиско следење на случајот со насилство и организирани координирани активности за следење, постапување и поддршка. И самата евиденција на случаите на насилство за децата со попреченост како жртви и стпрители на насилно однесување и кривично дело, не се евидентира посебно. Не постојат целосни податоци во Центрите за социјална работа и во другите институции. Тие не се евидентираат и не се следат систематски.

5.3. Ставови на институции за состојбата со нивната екипираност, подготвеност и опременост за превенција од насилно однесување кај децата со попреченост

Слика 14.Дали е потребен протокол за постапување во случај на насилство за децата со попреченост

Од Слика 14 гледаме дека најголемиот дел од институциите имаат потреба од изготвување на официјален протокол за постапување во случај на насилство задецата со попреченост.

Слика 15. Екипираност на стручните служби

Од Слика 15 се гледа дека најголем дел од институциите кои беа дел од ова истражување имаат вработено дефектолог, психолог и педагог.
Мал дел од институциите вклучени во истражувањето посочиле дека ги имаат следниве комисии:
• Тим за спречување на насилство во училиштето;
• Детекција на ученици со проблеми во развојот;
• Тим за превенција од насилно однесување;
Во поглед на опремата е наведено поседувањето на видео надзор. Што се однесува до просторните услови глвано се користатработните канцеларии и училишниот простор.

6. Резултати од прашалникот за „Проценка на состојбата од ризик кај децата со попреченост во Република Македонија“ за вработените во Министерството за внатрешни работи

6.1. Ставови на МВР за насилството врз децата со попреченост во Р.Македонија

Слика 17. Дали насилството врз децата со попреченост во Р.Македонија е сериозен проблем?

Најголем дел испитаниците вработени во МВР покажуваат дека насилството врз децата со попреченост е голем проблем во Р.Македонија (Слика17).

Слика 18. Дали со постоечката законска регулатива е уредено постапувањето на институциите со оваа ранлива категорија на деца?

Од Слика 18 се гледа дека постои поделеност помеѓу испитаниците во поглед на законската регулатива за постапување на иституциите со децата со попреченост. Само 1/3 сметаат дека со постоечката регуалтива е уредено постапувањето на институциите кон децата со попреченост во развојот. Останатите или немаат став (1/3) или имаат негативен став дека законската регулатива го уредува постапувањето со децата со попреченост во развојот.

Слика 19. Дали во вашата институција постојат специјализирани/обучени лица за работа со деца со попреченост

Најголем дел од испитаниците навеле дека во институциите нема специјализирани/обучени лица за работа со деца со попреченост (Слика 19).

Слика 20. Дали постои Протокол за постапување на полициските службеници со деца со попреченост во развојот

Од Слика 20 се гледа дека најголемиот дел од испитаниците посочиле дека нема Протокол за постапување на полициските службеници со деца со попреченост во развојот. Само 22,2 % сметаат дека ваков документ постои во нивните институции.

Слика 21. Дали сте учествувале на некои обуки за работа со деца со попреченост во развојот

Од Слика 21 се гледа дека најголем дел од испитаниците не учествувале на обуки за работа со деца со попреченост во развојот.

Слика 22.Дали сметате дека имате доволно знаење и искуство за работа со овие деца

Најголемиот дел од испитаниците посочиле дека немаат доволно знаење и искуство за работа со децата со попреченост (Слика 22).

Слика 23. Дали можете да ги разберете специфичните потреби на децата со попреченост

Според Слика 23 најголемиот дел од испитаниците 55,6% сметаат дека можат да ги разберат специфичните потреби на децата со попреченост.

Слика 24. Дали сметате дека треба да се води посебна евиденција за децата- жртви на кривични дела, а кои се со пречки во развојот

Најголемиот дел од испитаниците сметаат дека треба да се води посебна евиденција за децата- жртви на кривични дела, а кои се со пречки во развојот (Слика 24.)

Слика 25.Дали сметате дека треба да се води посебна евиденција на пријавените случаи на насилство извршени од страна на децата со попреченост во развојот

Од Слика 25 се гледа дека најголем дел од испитаниците сметаат дека треба да се води посебна евиденција на пријавените случаи на насилство извршени од страна на децата со попреченост во развојот.

Најчесто испитаниците посочиле дека соработуваат со следниве институции:
1. Центри за социјална работа;
2. Заводот за ментално здравје;
3. Клиника за психијатрија – детска психијатрија;

Табела 10.Евидентирани кривични дела за деца со попреченост во развојот – жртви и сторители во МВР

2011 2012 2013 2014 2015 2016 Вкупно
Вкупен број на деца со попреченост во развојот со кои постапувале полициските службеници 2 1 0 2 1 2 8
Број на деца со попреченост во развојот евидентирани како жртви на кривични дела 1 0 0 2 1 2 6
Број на деца со попреченост во развојот евидентирани како сторитли на кривични дела 1 1 0 0 0 0 2
Број на поднесени кривични пријави
2 1 0 0 0 0 3
Вкупно 6 3 0 4 2 4 19

Од Табела 10 може да се види почесто лицата со попреченост под 18 години се јавуваат како жртви на кривични дела, а помалку како сторители. Исто така, во последниве четири години не е евидентиран ниту еден случај на дете со попреченост да изврши кривично дело, или пак против него да биде поднесена кривична пријава.

Што се однесува до тоа кој се јавува како пријавител најчесто тоа се:
(1) родителите, (2) оштетеното лице и (3) институциите.

Најзастапени кривични дела се следниве:
1. Полов напад врз дете; сексуални деликти; силување; родосквернавење;
2. Разбојништво;

Женските деца со попреченост се најчесто жртви на кривичните дела и најчесто на возраст од 10 до 18 години.

Според искуствата на испитаниците, сторителите на кривично дело врз децата со попреченост се обично машки, и претежно не се во роднинска врска со жртвите. Сосема ретко (само во еден случај) е посочен родител како сторител на вакво дело.

Предлозите за подобрување на состојбите со децата со попреченост се следиве:
1. Обуки за работа со деца со попреченост во развојот;
2. Формирање на институции за работа и сместување (делумно или целосно) на децата со попреченост;
3. Поголема соработка со центрите за социјална заштита;
4. Подобрување на екипираноста и условите на работа во центрите за социјална работа;
5. Поголема општествена заштита, социјализација, ангажираност на стручни лица во училиштата;

ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ

Врз основа на добиените резултати од истражувањето „Проценка на состојбата од ризик кај децата со попреченост во Република Македонија 2011- 2016 година“базирани врз квантитативни и квалитативни податоци добиени од вкупно 28 надлежни институции (5 од нив одговорија дека не располагаат со податоци по оваа тема, а останатите воопшто не доставија повратни информации) можеме да го заклучиме следното:

– Поголемиот дел од институциите не располагаат воопшто или немаат целосни квантитативни и квалитативни системи за евидентирање на децата со посебни потреби
– Дел од јавните институции не покажале интерес за доставување на повратни информации за потребите на истражувањето до Државниот совет за превенција на детско престапништво при Министерството за правда на Република Македонија

1. Во однос на бројот на евидентирани деца со попреченост според пол и возраст за истражуваниот период 2011 – 2016 година, можеме да констатираме дека вкупниот број на евидентирани деца со попреченост најголем е во 2011 година (792 деца), додека во 2015 е најнизок (611) деца. Слични податоци се добиени и во однос на полот каде 2011 година е забележана како година со највисок број на евидентирани деца со попреченост (477 машки и 315 женски деца). Спротивно на ова, 2015 година е забележана како година со најнизок број на евидентирани деца со попреченостј (415 машки и 196 женски деца).
Во однос на возраста може да се заклучи дека како што се зголемува возраста на децата така се зголемува и нивната евидентираност, и ова е подеднакво забележано и кај машкиот и кај женскиот пол.
При анализа на податоците не треба да се занемарат фактите дека попреченоста може да биде стекната подоцна во животот, покасно да се открие (дијагностицира), или пак родителите одбиваат да ги категоризираат нивните деца од најмала возраст.
ПРЕПОРАКИ:
– Правно да се обврзат институциите навремено да ги евидентираат децата со попреченост од најмала возраст, односно да се воведе систем на евиденција на новороденчиња во ризик, кои понатаму системски ќе се следат.
– Системот на следење и евиденција да биде поврзан меѓуинституционално и меѓусекторски уште од најмала возраст на децата, со што воедно ќе се поттикне и соработката меѓу надлежните институциите.
– Евиденцијата да се одвива преку креирање на унифицирани национални Индикатори за психофизичка состојбана детето каде навремено би се колектирале податоци од различни аспекти (здравствен, социјален, образовен и др.)

2. Согласно добиените податоци за бројот на евидентирани деца со попреченост во развојот во Република Македонија во периодот од 2011-2016 година, согласно видот на попреченоста можеме да го заклучиме следното:

2.1. Во последните шест години (2011-2016 година) биле евидентирани вкупно 313 слепи деца. Бројот на евидентирани слепи деца бил најголем во 2012 година (58 деца), а најнизок во 2014 година (45 деца). Во овој шестгодишен период, на возраст од 0-4 години не е евидентирано ниту едно слепо дете. Додека во возрасната група од 10-14 годиниима најголем број на евидентирани слепи деца(87 машки и 78 женски).
Најмногу податоци се добиени од образовните институции, во кои децата се опфаќаат најчесто над 5 годишна возраст. Децата во возрасната група од 0-4 години, според искуството, најчестосе евидентираат во институциите за ментално здравје и развојните советувалишта, од каде не добивме повратни информации.
ПРЕПОРАКИ:
-Да се креира и законски воведе единствени применлив систем со точно прецизирани унифицирани индикатори на секторска и меѓусекторка евиденција за децата со попреченост наменет за здравствените, образовните и социјалните институции.
-Да се воведе правна рамка за системска и континуирана евиденција за институциите.

2.2. Од вкупно 3152 евидентирани деца со попреченост во интелектуалниот развој во периодот од 2011 до 2016 година, највисок број на евидентирани деца (658) е забележан во 2011 година, а најнизок во 2015 година (476).
Исто така, и според полот во 2011 година има најголем број на евидентирани деца (406 машки и 252 женски од вкупно 2133 машки и 1019 женски деца).
Кај женските деца забележуваме константно намалување на бројот на евидентирани. Во 2016 година овој број е значително е намален во однос на 2011 година. Ова не е случај кај машките деца кај кои овој број варира во текот на шестгодишниот период на истражувањето.
Ова намалување во интезитетот на евиденцијата се претпоставува дека е резултат на процесот на инклузија на децата со посебни потреби во редовниот систем на образование. Според претходното искуството, нивниот број опаѓа во посебните училишта и специјализираните институции кои во најголем број учествуваа во ова истражување. Исто така, друга претпоставка се зголемените права на родителите да не ги категоризираат нивните деца како деца со посебни потреби.Овие претпоставки подложат на потреба од понатаможни анализи и истражувања.
ПРЕПОРАКИ:
– Да се вложува во дополнителни истражувања и анализи за актуелниот процес на инклузија и зголемената свест кај граѓаните и семејствата за состојбата со попреченост и ефектот врз институционализацијата и евиденцијата;

2.3. Кај податоците за децата со аутизам (и аутистичен спектар на нарушување) може да се заклучи дека е видлив зголемениот број на деца со аутуизам,од година во година. Овој број е во пораст од 29 деца во 2011 до 65евидентирани деца во 2016 година. Особено во континуиран пораст е бројот на машки деца со аутизам регистриран од институциите опфатени со истражувањето. Од 21 машки деца со аутизам евидентирани во 2011 година, бројот е зголемен на 53 машки деца во 2016 година. Кај женските деца нема големи отстапувања во бројот на евидентирани, и се движи од 8 женски деца во 2011 до 12 женски деца во 2016 година .
Како и во претходните случаи најмалку се евидентираат децата со аутизам на возраст од 0-4 години и од 15 – 18 години, за разлика од старосната возраст од 5-9 и 10-14 години.
Во периодот од 2011 до 2014 година не е евидентирано ниту едно дете со аутизам на возраст од 0-4 години, додека имаме евиденција за останатите години на возраст од 5-9 години.
Нашата претпоставка е дека стручните служби не се обучени за рана детекција на аутизам и аутистичниот спектар на нарушувања. Но, исто така да не се занемари фактот дека најголем дел од институциите кои доставија повратни информации се од социјалната и образовната сфера (пред се основно образование) каде децата се опфаќаат на возраст од 5/6 – 15/16 години.
ПРЕПОРАКИ:
– Да се воведе посебен дел за евиденција на децата со аутизам.
– Да се воведат обуки за диференцијална дијагноза на разни видови на попреченост од страна на прфесионалци
– Правно да се воведат мулдидисциплинарни тимови за диференцијална дијагноза и следење

2.4. Од вкупно 61 евидентирано дете со хронични заболувања во периодот од 2011 до 2016 година, најголем број надеца со хронични заболувања (36 деца, од кои 20 машки и 16 женски деца) се евидентирани во 2016 година. Во 2015 година нема ниту едно евидентирано дете, додека во 2013 година има само едно евидентирано дете.
Бројот на евидентирани деца со хронични заболувања на возраст од 0-4 години е многу мал (6 деца). Најчесто децата се евидентираат над 5 годишна возраст.
Во периодот од 2011-2015 година евидентирани се во просек од 1 до 8 деца годишно, при што се наметнува прашањето, исто како и во претходните ставки, на што се должи зголемениот број на евидентирани деца со хронични заболувања во 2016тата година во однос на другите години. Според претходното искуството, причините за зголемената евиденција на децата во 2016 година во однос на периодот од 2011-2015 година, воопштено може да се движат од подобрување на раната детекција на заболувањата кај децата, или подобрување на системот на дијагноза и евиденција генерално, изменети ставови на родителите и слично. Причините што влијае врз евиденцијата за таа да се реализира успешно или неуспешно не беа предмет на ова истражување, и подложат на натамошни анализи.
ПРЕПОРАКИ:
– Дополнително да се анализираат причините за успешна/неуспешна евиденција на деца со хронични заболувања во периодот од 2011 – 2016 година, (а по потреба да се опфати и подолг период). Анализите ќе овозможат отстранување/ намалување на негативните фактори кои го отежнуваат процесот на евиденција, но и подобрување/усовршување на ситемот на евиденција на деца со хронични заболувања;
– Системот за евиденција да биде мултидисциплинарен, односно со можност за мултисекторско внесување на податоци.
– Да постои задолжителен и законски регулиран надзор на системот за евиденција со цел негова успешна практична имплементација.Овој начин на системска евиденција, која е законски регулирана и која подложи на надзор ќе допринесе можност за различни анализи и компарации соодветно индикаторите кои би биле предмет на евиденција.
– За сите видови на хронични заболувања, и разни видови на попреченост потребна е изработка на индикатори, од кои дел би биле воопштени за сите групи на деца, како на пример возраста, полот, социо-економскиот статус на семејството и слично, а дел од индикаторите би се однесувале поконкретно на самиот вид на попреченост во развојот. Односно, во зависност од тоа која класификација би се зела за единствена во нашата држава, што пак води кон следната препорака, а тоа е:
– Воведување и прифаќање на единствен систем на класификација на попреченоста и разни видови на хронични заболувања кај децата. Без класификација тешко би било и воведување на индикатори и понатаму сите наредни процеси во системот (законска регулатива и надзор на имплементацијата на мулти секторската евиденција).

2.5. Бројот на деца со со комбинирани пречки во развојот што се регистрирани од страна на субјектите вклучени во истражувањето изнесува 164 деца за период од шест години.
Бројот на евидентирани деца со комбинирани пречки во развојот е во опаѓање и се движи од 40 евидентирани деца (27 женски и 13 машки) во 2011 година до 24 евидентирани деца (13 женски и 11 машки) во 2016 година Односно, бројот на евидентирани деца со комбинирани пречки во развојот во 2011 година е највисок – 40 деца, додека во 2016 година е најнизок -24 деца. Најмал е бројот на евидентирани деца во возрасната група од 0-4 години (4 деца), додека највисок е во возрасните групи (5-9 години- 87 деца и 10-14 години – 57 деца).
Претпоставуваме дека во текот на годините во нашата држава се подобрува системот на диференцијална дијагноза на комбинираните пречки во развојот кај децата. Ова може да се претпостави дека води кон тоа да разни видови на попреченост кои претходно спаѓале во групата – комбинирани пречки во развојот, во развојниот период на детето се класифицирале во други поконкретни видови на попреченост.
ПРЕПОРАКИ:
– Да се вложува во дополнителни истражувања и анализи

2.6. Добиените резултати за децата со друг вид на попреченостне можат да се земат за објективни, бидејќи сите надлежни институциите вклучени во истражувањето не располагаат со адекватни податоци за нив или воопшто немале интерес повратно да достават податоци кои се барале официјално од нив. Добиени се податоци само за многу мал број на евидентирани деца со оштетување на слухот, деца со пречки во гласот, говорот и јазикот, деца со телесна инвалидност и/или друг вид на попреченост.
ПРЕПОРАКИ:
– Да се зголеми одговорноста на јавните институции за доставување на податоци до официјални државни субјекти, во одреден временски рок
– Да се воведе правна рамка на задолжителен систем на евиденција и надзор на имплементација на евиденцијата

3. Добиените резултати за евидентирано насилство врз децата со попреченост во Република Македонија во периодот од 2011 до 2016 година укажуваат на бројка од 107 деца жртви на насилство. Од нив 106 деца (80 машки и 26 женски) имаат попреченост во интелектуалниот развој, а едно дете има аутизам. Детето со аутизам припаѓа на возрасната група помеѓу 10 и 14 години, а насилството врз него е евидентирано во 2016 година.
Од извршените анализи се констатира дека меѓу децата со попреченост, како позагрозени се децата од машки пол, кои се јавуваат најчесто како жртви на насилство.
Институциите вклучени во истражувањето немаат евидентирани жртви на насилство со друг вид на попреченост.
Како најчести евидентирани сторители на насилство врз децата со попреченост според ранг листа се: роднина; сосед; медицинско лице; член на семејството (мајка, татко, брат или сестра); стручно лице; наставник; тренер и друго (но ненаведено).
Како најзастапени рангирани видови на насилство врз децата со попреченост во развојот се: влечење, штипење и удар по лице; виткање; удар по телото и друго (но ненаведено);
Во однос на рангираните субјектите кои го откриваат насилството врз децата со попреченост со покажа дека тоа најчесто е: роднина, сосед; брат, сестра, стручно лице; медицинско лице; наставник тренер; мајка; татко;и друго (но ненаведено);
Насилството врз децата со попреченост според ранг листатата најчесто го пријавува: роднина, сосед; брат, сестра, стручно лице; мајка, медицинско лице; наставник, тренер; татко; друго (но ненаведено;
ПРЕПОРАКИ:
– Државата да инвестира во подобрување на постоечките институционални капацитети за згрижување на децата со попреченост, во насока на нивна поголема и поопширна отвореност во општествената средина, збогатување на можностите за културно забавен живот на децата згрижени во институциите (без разлика дали се полу или целодневно згрижени), да се зголемат инвестициите во различни форми на работна окупираност, интегративни активности, одмор и рекреација, поддршка на децата преку воведување на нови иновативни програми на менторство слично.
– Поаѓајќи од податоците врз кои може да се констатира дека непосредното опкружување на детето со попреченост (семејната и училишната средина исоседството)е евидентирано како најголем негов сторител на насилство, потребно е алармантно едуцирање на родителите и наставниот кадар, но и пошироката јавност за хуманизација и хумана и интегративна интерперсонализација на односите со децата со попреченост.
– Државата е потребно да воведе и поддржи национални програми и кампањи за подигнување на јавната свест и јакнење на родителските капацитети, како и да ја зголеми својата соработка со граѓанскиот сектор и општините на овој план.

4. Вкупниот број на евидентирани деца со попреченост во развојот во Република Македонија кои извршиле насилно дело во периодот од 2011 до 2016 година, е 50 (38 машки и 12 женски). Кај машките деца бројот е значително поголем. Во 2016 година биле евидентирани најмногу машки сторители на насилство (16 деца). Во 2011 и 2012година нема евидентирано ниту еден случај на насилство кај машките и женските деца.
Најмногу се евидентиранидецата на возраст од 10-14 години и тоа вкупно 19 (15 машки и 4 женски), и на возраст од 14-18 години (23 машки и 8 женски деца). Под 10 годишна возраст нема евидентирано деца кои извршиле насилно дело.
Ранг листата на деца извршители на насилство според видот на попреченоста е следната: деца со интелектуална попреченост, како и деца со интелектуална и некој друг вид на попреченост; деца со оштетен говор и слух; деца со аутизам; и деца со повеќе видови попречност.
Како најчести жртви на насилство извршено од страна на дете со попреченост според рангирање се: другите деца; самоповредување; наставници, дефектолози, воспитувачи,наставници, инструктори; медицински кадар; и членови од семејството: брат, сестра, мајка татко.
Насилството што децата со попреченост го извршиле, според ранг листа, најчесто го откриваат: стручно лице; роднина, сосед, медицинско лице; мајка; татко; брат, сестра; наставник тренер; друго (о ненаведено);
Според добиената ранг листа, лица кои најчесто го пријавуваат насилството што децата со попреченост го извршиле се: мајка; татко; роднина, сосед; стручно лице; медицинско лице; наставник тренер;тренер; и друго (ненаведено).
Добиените податоци укажуваат дека семејството и стручните лица во инситуциите го откриваат и пријавуваат насилството.
ПРЕПОРАКИ:
– Да се зајакне националната поддршка и заштита на децата со попреченост и нивните семејства од различни општествени аспекти.
– Да се интензивира меѓусебната соработката на семејството со ресорните институции.

5. Насилството кон децата со попреченосте сериозен општествен проблем и не треба да се занемари како неприоритен национален ангажман на надлежните ресурси.
Добиените податоци од истражувањето укажаа дека институциите во Република Македонија немаат доволно капацитети ни за евидентирање на децата со попреченост со нивните квантитативни и квалитативни обележја, ниту пак капацитети и подготвеност за справување со насилството. Посебно од аспектот што не постои законска регулатива за евиденција и постапување на институциите со децата со попреченост.
Надлежните институции не спроведуваат превентивни активности за ненасилство,немаат ниту евидентирани податоци за насилство кон децата со попреченост, ниту пак има воспоставено системска и задолжителна меѓуинституционална соработка. Тие не се доволно екипирани и опремени, а немаат ниту правна рама како треба да постапуваат во случај за насилство кон децата со попреченост.
Мал е бројот на институции кои имаат програми за превенција за насилното однесување на деца со попреченост,сторено од нив и кон нив. Најголем дел од надлежните институции немаат програми за превенција на насилно однесување. Од вкупно 23 институции вклучени во истражувањето кои доставиле повратни информации, само 4 институции имаат некаков вид на превентивна програма. Сите 4 се образовни институции.
ПРЕПОРАКИ:
– Воведување на правна рамка за превентивни активности и постапување со разни видови и аспекти на насилно однесување за децата со попреченоство надлежните институции. Ова може да се реализира преку воведување на национален унифициран протокол за постапување во случај за насилство извршено од/ или кон децата со попреченост.
– Државата да вложува во опременост и екипираност во институциите, и проширување на нивните капацитети и можности за разни видови на опшетствена соработка.

Врз основа на претходното, можат да се систематизираат следните препораки:

– Воведување и прифаќање на единствен систем на класификација на попреченоста и разни видови на хронични заболувања кај децата. Без класификација тешко би било и воведување на индикатори и понатаму сите наредни процеси во системот (законска регулатива и надзор на имплементацијата на мулти секторската евиденција).
– Да се воведат обуки за диференцијална дијагноза на разни видови на попреченост од страна на професионалци
– Правно да се воведат мулдидисциплинарни тимови за диференцијална дијагноза и следење
– Дополнително да се анализираат причините за успешна/неуспешна евиденција на децата со попреченост во развојот во периодот од 2011 –2016 година, (а по потреба да се опфати и подолг период).
– Правно да се обврзат институциите навремено да ги евидентираат децата со попреченост од најмала возраст, односно да се воведе систем на евиденција на новороденчиња во ризик, кои понатаму системски ќе се следат.
– Системот на следење и евиденција да биде поврзан меѓуинституционално и меѓусекторски уште од најмала возраст на децата, со што воедно ќе се поттикне и соработката меѓу надлежните институциите.
– Евиденцијата да се одвива преку креирање на унифицирани национални Индикатори за психофизичка состојба на детето каде навремено би се колектирале податоци од различни аспекти (здравствен, социјален, образовен и др.)
– Унифицираните индикатори да имаат можност за секторска и меѓусекторка евиденција за децата со попреченост
– Како одговорна институција за мониторинг на квалитетот на системот за евиденција и самата евиденција се предлага Заводот за статистика и евиденција (со формирање на посебно тело/комисија). Овој начин на системска евиденција, која е законски регулирана и која подложи на надзор ќе допринесе можност за различни анализи и компарации соодветно индикаторите кои би биле предмет на евиденција.
– Да се зголеми одговорноста на јавните институции за доставување на податоци до официјални државни субјекти, во одреден временски рок

– Да се вложува во дополнителни истражувања и анализи за актуелниот процес на инклузија и зголемената свест кај граѓаните и семејствата за состојбата со попреченост и ефектот врз институционализацијата и евиденцијата;
– Да се вложува во подобрување на постоечките институционални капацитети;
– Потребно е да се воведат и поддржат национални програми и кампањи за подигнување на јавната свест и јакнење на родителските капацитети, како и зголемување соработка со граѓанскиот сектор и општините
– Да се зајакне националната поддршка и заштита на децата со попреченост од и нивните семејства од различни општествени аспекти.
– Да се интензивира меѓусебната соработката на семејството со ресорните институции.
– Воведување на правна рамка за превентивни активности и постапување со разни видови и аспекти на насилно однесување за децата со попреченост во надлежните институции. Ова може да се реализира преку воведување на национален унифициран протокол за постапување во случај за насилство извршено од/ или кон децата со попреченост.

Top