Заклучоци од тематската расправа „Медијација за деца“

На електронската седница што Државниот совет ја одржа на 24.03.2020 година беа усвоени следниве заклучоци коишто произлегоа од Тематската расправа што се одржа со претставници на Комората на медијаторите:

 

  1. Државниот совет поддржува почесто упатување на страните на постапка за медијација согласно Законот за правда за децата
  2. Потребна е поголема соработка со Комората на медијатори на РСМ
  3. Поддржување на предлози за измена на Законот за правда за децата во однос на медијацијата во соработка со претставници од Комората на медијаторите на РСМ
  4. Преземање соодветни активности со цел потпишување меморандум за соработка со Комората на медијаторите на РСМ, Академијата за судии и јавни обвинители со поддршка на Канцеларијата на УНЦЕФ во Скопје
  5. Идентификување на потребите за изработка на силабус и прирачник за обука на медијатори за деца
Top