Тематска расправа: Предлог за ратификација на Факултативниот протокол на Конвенцијата за правата на детето за постапка по претставки

Државниот Совет активно го следи процесот во однос на активностите во Министерството за правда во однос на Предлогот за ратификација на Факултативниот протокол на Конвенцијата за правата на детето за постапка по претставки.
Предлогот беше детално елабориран од страна на членот на ДС, Тања Кикерекова, којашто воедно ги запозна членовите на ДС со изработениот Прирачник за поднесување претставки согласно овој Факултативен протокол.
Во рамките на плодната и продуктивна дискусија, се укажа на важноста од ратификацијата на овој Факултативен протокол, со што Република Северна Македонија ќе стане дел од малиот број држави што го ратификувале Факултативниот протокол. Се укажа на потребата да се води сметка за опфатот на принципот „исцрпување на домашните правни лекови“, а се дискутираше и околу соодносот на апликација пред Европскиот суд во Стразбур и претставка по однос на овој Факултативем протокол. Иницијативата и целокупниот ангажман беа поддржани и од страна на претставничката на Народниот Правобранител.

Top