Тематска расправа „Медијацијата во системот на правда за децата“

На седницата одржана на 10 март 2020 година, Државниот совет за превенција на детското престапништво одржа тематска расправа посветена на Медијацијата во системот на правда за децата. На расправата во својство на претставник на Комората на медијатори, учествуваше г-дин Мишо Живковски, лиценциран медијатор.

Во текот на расправата членовите на Државниот совет беа запознаени со активностите на Комората, достапноста на листата на лиценцирани медијатори на интернет страницата на Комората на медијатори  Imenik-na-medijatori-02.03.2020и активностите што ги планира Комората.

Предмет на подетално разгледување и анализа беа одредбите од Законот за правда за децата во однос на постапката за медијација.

Како заклучок од расправата произлезе взаемната подготвеност за потпишување меморандум за соработка помеѓу Државниот совет и Комората на медијатори, во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

 

Top