Единаесетгодишната Ембла од Гостивар е дете со Даунов синдром која е редовен ученик во ОУ ,,Башкими’’ и истата не го започна образовниот процес во второто полугодие заради бојкотот на одреден број на ученици чии родители испратиле петиција до училиштето „поради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла’.
Државниот совет за превенција од детско престапништво ја искажува поддршката на лицата со посебни потреби и ваквиот однос на најранливите меѓу нас го смета за пораз на целото општество. ДС согласно своите надлежности дава и ќе дава придонес кон подигнување на свеста за децата со посебни потреби, кои не се поразлични од сите други и заслужуваат еднаков пристап до квалитетно образование. Тоа е основно право и институциите треба тоа да го овозможат, да создадат услови во кои секое дете ќе го развива и ќе го реализира својот полн потенцијал.
Државата согласно сите меѓународни документи кои го третираат инклузивното образование е обврзана да создаде услови за успешно негово спроведување, а тое се:
– Светската декларација за образование за сите од Обединетите нации, усвоена во 1990, се промовираат основните принципи на образованието за сите, а во еден од нејзините членови стои: „Треба да се преземат чекори со цел да се обезбеди еднаков пристап за секоја категорија на лица со пречки во развојот и тоа како составен дел на образовниот систем”
– Во член 2 од Конвенцијата за правата на детето (1989-1993 година) е наведено: „да се почитуваат и обезбедуваат правата без никаква дискриминација во однос на расата, полот, јазикот, етничкото или социјалното потекло, онеспособеноста или друг статус на детето“, а во член 3 е наведено дека „во сите активности примарно значење се интересите на детето“. Во член 23 од истата конвенција е пропишано: „детето со попреченост да има ефикасен пристап до образование и обука“, а во член 28 „државите членки му го признаваат на детето правото на образование врз основа на еднакви можности“.
– „Светската декларација за образование за сите“ е проследена од страна на Светската конференција за специјално образование во Саламанка при што во Изјавата од Саламанка (1994 година) владите на сите земји согласно Конвенција за правата на детето, се насочени да го усвојат инклузивното образование како закон или принцип, при што: Секое дете има основно право на образование и мора да добие шанса да постигне и оствари прифатливо ниво на учење. Секое дете има уникатни карактеристики, интереси, способности и образовни потреби. Образовниот систем треба да води грижа за широката разноликост на овие карактеристики и потреби. Децата со попреченост треба да имаат пристап до редовните училишта кои треба да обезбедат начини за да им излезат во пресрет на овие потреби.
– Член 8 од Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост 2008-2011 година се однесува на „промовирање на почитувањето на правата на лицата со пречки, на сите нивоа од образовниот систем, вклучувајќи ги сите деца од најрана возраст“, додека во членот 24 „земјите потписнички го признаваат правото на образование на овие лица без дискриминација и врз основа на еднакви можности, обезбедуваат вклучен систем на образование на сите нивоа и доживотно учење. Лицата со пречки да имаат пристап до квалитетно и бесплатно основно образование и средно образование на еднаква основа со другите во заедниците во кои живеат, разумно приспособување на индивидуалните потреби, како и да ја добијат потребната поддршка во рамките на општиот обравовен систем.
– Во член 26 од Универзалната декларација за правата на човекот е содржано начелото дека секој има право на образование.
Инклузивното образование во Република Северна Македонија е процес кој е започнат пред две децении и во континуитет дисперзира и прогресира во целиот образовен систем, со засилен интензитет во последните неколку години, притоа вклучувајќи се поголем број на деца со посебни образовни потреби во редовните училишта.
Извесно е дека воспитанието и образованието на децата со посебни образовни потреби во Република Северна Македонија, не се потпира врз долга традиција. Во развојниот период во однос на севкупното образование на лицата со посебни потреби преземени се следните активности: нормативно е регулиран флексибилен систем на воспитание и образование; создадена е мрежа на установи што ги задоволува постојните потреби; утврден е систем на финансирање; обезбеден е задолжителен тимски преглед од соодветни стручни комисии за секое дете, пред упатување во соодветна институција; воспитно-обазовниот процес се реализира според наставни планови и програми кои содржат специфичности, со што не се доведуваат во прашање општите образовни цели.
Државниот совет за превенција од детско престапништво дава поддршка на надлежните институции да изготват и да ги усовршат веќе постоечките програми за работа со децата со посебни образовни потреби , кои што ќе се применуваат во училиштата и ќе им дадат насоки на наставниците како да го прилагодат начинот на учење, бидејќи во изминатите години третманот на лицата со посебни потреби се подобрени, но гостиварскиот случај покажува дека битката не е до крај извојувана.
Државниот совет за превенција од детско престапништво го поддржува инклузивното образование со цел на секое дете да му се овозможи активно учество во училишните активности и стекнување на позитивни искуства низ редовното образование, а со тоа и подготовка за живот и реализација на комплетниот потенцијал кој овозможува на секоја индивидуа целосно учество во општествените текови, како полноправен член на општеството.
За да се спречат, намалат и/или ублажат несакани појави во иднина, ДСПДП препорачува:
Инклузивниот тим или стручната служба на училиштата перманентно да ги користат услугите на Ресурсните училишни центри во смисла да добивање на упатства и инструкции за конкретни случаи како би се реагирало на време и би се спречиле , намалиле или ублажиле можните последици и несакани појави.
Да се користат сите дополнителни ресурси во локалната самоуправа (клинички или развоен психолог; психијатар за деца и млади, наодите и мислењата од стручни лица во институциите ако претходно било институционално згрижено или третирано.
Тимовите за инклузивно образование, а доколку го немаат стручната служба на училиштето пред упис на ученици за секоја наредната учебна година да ги посетат сите предучилишни установи од каде се регуртираат идните првачиња како би се информирале за можната бројка на дечиња со посебни образовни потреби како потенцијални ученици во нивното училиште.
Пред почетокот на учебната година да се одржи работилница со родителите чии деца имаат развојни проблеми, оштетувања и недостатоци; со родителите на типичните деца ( деца бес пречки во развојот) и преставници од Ученики парламент во училиштето. На работилницата сите да се запознаат со бројката на такви ученици; со видот и степенот на оштетувањето а посебно со нивните примарни, приоритетни и посебни образовни потреби.
Ученичките парламенти јавно да дискутираат за потребите на оваа категорија на ученици, и истите да бидат вклучени во создавањето на клима и атмосфера за поефикасна и поуспешна инклузија на споменатите ученици.
Имајки предвид дека е се поголем бројот на инклудирани деца со комбинирани пречки (покрај примарното имаат и секундрарни оштетувања) а посебно со АДХД, емоционални и/или психијатриски нарушувања, препорачуваме покрај образовниот во училница да се вклучи и персонален (личен) асистент како би се избегнале ситуациите кои доведуваат до ризик по менталното и физичкото здравје кај типичните деца.
Државниот совет за превенција од детско престапништво посакува вакви ситуации да не се повторат и сите заедно да придонесеме за подигање на свеста на лицата со посебни потреби, наша солидарност и емпатија кон овие лица да ни биде врвен приоритет за добивање на секоја битка што ја водат овие деца за нивна благосостојба.