Државниот совет за превенција на детско престапништво укажува дека вклучувањето на деца (лица до 18 години) во какви било активности поврзани со тековната политичка кампања е недозволливо и не е во најдобар интерес на детето согласно Конвенцијата за права за децата.
Грижата за децата треба да се остварува преку обезбедување законски и институционални услови за нивен правилен раст, развој и воспитание, грижа за отстранување на изворите на ризици.
Сé друго претставува нивна злоупотреба и повредување на нивни права.
Државниот совет потсетува дека Изборниот законик (чл. 183) предвидува глоба од 8000 евра за радиодифузерот и 30% од одмерената глоба за одговорното лице на радиодифузерот доколку биде објавено изборно пропагандно известување со учество на деца.