Седница на Државниот совет со ЗЕЛС

На 25 јуни 2024 година, со цел нагласување на значењето на мултисекторскиот пристап, размената на општински искуства и споделување на добри практики за градење на безбедни локални заедници за децата, беше одржана консултативна средба на претставници од Локалните совети за превенција на детско престапништво од општини од Источен регион со членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво
Средбата се одржа во ЗЕЛС Тренинг Центарот, а на иницијатива на Општина Пробиштип, како една од поактивните општини со спроведени активности за превенција на детско престапништво.
Во рамките на конструктивната дискусија присутните се согласија дека соработката е неопходна и дека е важно да се сфати и операционализира улогата и задачите што ги имаат општинските совети со цел нагласување на најдобриот интерес на децата.

Top