Претставување на Нацрт – Националната стратегија

РАБОТНА СРЕДБА

ТЕМА:

Претставување на Нацрт – Националната стратегија за превенција на малолетничко престапништво

ОПШТА ЦЕЛ:

Донесување на Националната стратегија за превенција на малолетничко престапништво.

Националната стратегија за превенција на малолетничко престапништво (2010-2020) има за цел утврдување на стратешките насоки и приоритети за спречување на малолетничкото престапништво во Република Македонија.

Предлог-Националната стратегија предвидува превентивни политики и мерки во чиј дополнителен развој и спроведување треба се вклучат семејството, училиштето, заедницата, медиумите, законодавството и другите државни и јавни служби кои работат со деца во ризик и деца кои се во конфликт со законот.

Посебни цели:

  • Презентација на нацрт Националната стратегија за превенција на малолетничкото престапништво;
  • Јавна дискусија за предлог соржината (усвојување заклучоци и предлози);
  • Донесување Национална стратегија за превенција на малолетничкото престапништво.

 

УЧЕСНИЦИ:

Членови на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво:

Проф. д-р Владимир Ортаковски – претседател
Тања Кикерекова
Миле Гиновски
М-р Крсте Малјановски
Лилјана Јаковчевска
Дана Миловановиќ
М-р Невена Петровска
Лефкија Гажовска
Наим Цами
Татјана Ристова Димова
Ана Андова
Ајет Ајети
Роза Георгиева
Реџеп Али Чупи
Ардијан Муча
Невенка Крушаровска – претставник на Народниот правобранител
Билјана Лубаровска – претставник на УНИЦЕФ
Д-р Весна Стојковска – секретар
_____________________________

 

Претставници од:

  • Министерство за правда
  • Министерство за труд и социјална политика
  • Министерство за образование и наука
  • Министерство за внатрешни работи
  • Јавно обвинителство на Република Македонија
  • Врховен суд на Република Македонија
  • Адвокатска комора на Република Македонија
  • НВО Совет за превентива против малолетничка делинквенција
  • ….
  • ….
  • ….
  • ….
  • ….
  • Проф. д-р Оливер Бачановиќ – Факултет за безбедност, Скопје
  • Проф. д-р Гордана Бужаровска – Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје
  • Д-р Стојанка Мирчева – Факултет за безбедност, Скопје
  • Асс. Наташа Јованова – Факулет за безбедност, Скопје

 

АГЕНДА

21 декември 2010, __________________, Скопје

10:00-14:00

ВРЕМЕ АКТИВНОСТ  
 

09:30-10:00

 

Регистрација на учесници

 
 

10:0010:20

 

Воведно обраќање

 

Проф. д-р Владимир Ортаковски

 

10:20-10:50

 

Презентација за Нацрт -Националната стратегија  за малолетничко престапништво

 

М-р Марина Ковачиќ

 

10:50-11:10

 

Кафе пауза

 
 

11:10-13:00

 

Дискусија во однос на  Нацрт – Националната стратегија  за малолетничко престапништво

 

 

 

13:00-13:15

 

Кафе пауза

 
 

13:15-14:00

 

Заклучни согледувања

Предлози

 

 

14:00-15:00 Ручек  

 

ЗАПИСНИК

Од работната средба на

ТЕМА:
Претставување на Националната стратегија за превенција на малолетничкото престапништво,
одржана на 21 декември 2010 година во Holiday Inn, Скопје

На работната средба учествуваа членовите на Државниот совет, како и поканети претставници на повеќе институции (види прилог: листа на учесници). Согласно агендата на работната средба, проф. д-р Владимир Ортаковски се обрати на учесниците и во своето воведно излагање ги презентираше целите и активностите на Државниот совет за превенција на малолетничкото престапништво. По деталното презентирање на Националната стратегија од страна на Марина Ковачич, која како експерт ангажиран од страна на УНИЦЕФ ја подготви стратегијата во консултации со Државниот совет, се отвори дискусија, од која што произлегоа следниве забелешки, заклучоци и предлози во однос на предлог содржината:

Проф. д-р Гордана Бужаровска – Правен факултет-Скопје

  • Да се дефинира што значи „безбедна средина за живеење“;
  • Недостасува локалната заедница во рамките на секундарната превенција;
  • Да се вметне дел за превентивната улога на Европската Унија;
  • Да се поврзат анексите во самиот текст;
  • Стратегијата повеќе да се фокусира на примарната превенција;
  • Да биде вклучена и Заедницата на единиците на локалната самоуправа;
  • Недостасуваат родителски програми кај примарната превенција;
  • Семејството да биде прва насока и активност;
  • Недостасува виктимолошкиот аспект;
  • Кај делот за координација недостасува улогата на локалната власт;
  • Да се вметне дел за социоекономската состојба како фактор на ризик.

М-р Жалина Просароска – Министерство за внатрешни работи

  • Постои екипираност на кадарот во рамките на МВР во рамките на нивната превентивна улога;
  • Да се стават насоки за потреба од квалитетна обука на кадарот и за превентивно насочување;
  • Полицијата на финкционита на ad hoc база;
  • Да се консултира Стратегијата за реформа на полицијата (2009-2011 година);
  • Да се зајакнат капацитетите на Комисиите за посредување кои се во процес на формирање;
  • Да се предвиди реален период за формирање на општинските совети за превенција на малолетничкото престапништво според Законот за малолетничка правда.

Проф. д-р Оливер Бачановиќ – Факултет за безбедност-Скопје

  • Да се преиспита периодот 2010-2020 година како временска рамка за националната стратегија;
  • Да се вметне дел за прогноза на трендовите на малолетничката делинквенција во Република Македонија;
  • Недостасува виктимолошкиот аспект (да има дел/поглавје и за жртвата);
  • Мерките и активностите да се насочат кон потенцијалните жртви;
  • Стратегијата да се фокусира на позитивните страни т.е. да се вградат во текстот и факторите на заштита;
  • Да се дефинира што се спаѓа во примарна, што во секундарна, а што во терцијарна превенција;
  • Да се дефинира поимот малолетничко престапништво;
  • Да се вгради дел во стратегијата и за Агенцијата за млади и спорт и за Народниот правобранител како клучни актери во процесот на превенција;
  • Да се предвидат повеќе вонучилишни активности како дел од превентивните мерки, а да се намалат наставните активности;
  • Да се зајакне делот за ресурсите.

Д-р Стојанка Мирчева – Факултет за безбедост-Скопје

  • Да се вметне дел за реинтегративното срамење како основа на превентивното дејствување;
  • Наведената статистика е според старата категоризација на кривично-одговорни и кривично неодговорни малолетни сторители. Оттука треба да се воведе нова категоризација според новиот Закон за малолетничка правда на деца во ризик и деца во судир со законот, за да нема искривена слика за состојбата на малолетничкиот криминалитет во Република Македонија;
  • Во статистичкиот приказ да не се мешаат податоците пред 2009 година пред да стапи во сила ЗМП и по 2009 година;
  • Да се преиспита наведениот процент од 23% во однос на порастот на деца во судир со законот;
  • Да се направи конзистентност во водење и прикажување на статистичките податоци;
  • Да се прави разлика и во однос на други критериуми (пол, етничка припадност, место на живеење, социјален статус).

Снежана Мишевска – Завод за социјални дејности

  • Да се воспостават процедури и стандарди за координација на субјектите коишто се вклучени во превенција;
  • Недостасува следење и евалуација на примената на стратегијата;
  • Да се консултира стратегијата за ресоцијализација од Управата за извршување на санкции во која е предвиден дел за обука на затворскиот персонал;

Наташа Вртеска – правен советник во ЗЕЛС

  • Да има податоци посебно за општините бидејќи во нив е различна оптовареноста со малолетничкото престапништво и оттука, различен е и пристапот во преземањето превентивни активности од страна на општините.

Миле Гиновски – Министерство за образование

  • Во рамките на Министерството за образование е формиран Комитет за следење на насилството во образованието;
  • Само во 10 општини се формирани посебни одделенија за образование;
  • Секое одделение во рамките на општината може да предложи измена на наставните програми до Бирото за развој на образованието;
  • Во рамките на ЗЕЛС постои посебно одделение за образование.

Наташа Јованова – Факултет за безбедност-Скопје

  • Не е наведен примерокот од истражувањето во рамките на невладината организација АЛГОРИТАМ и затоа треба внимателно да се пристапи кон наведените заклучоци од истражувањето;
  • Да се предвидат програми за позитивен образец на однесување во рамките на редовната настава преку одредени вежби и активности.

Тања Кикерекова – Министерство за правда

  • Националната стратегија да биде конзинстентна со постоечките закони и други домашни документи;
  • Да се вградат соодветни делови од стратешките документи на другите министерства кои се однесуваат на нивната превентивна улога.

Невенка Крушаровска – Народен правобранител

  • Да се конкретизираат програмите, задачите, активностите на субјектите во превенција на малолтничкото престапништо;
  • Да се вклучи улогата на Народниот правобранител во рамките на трите вида превенција;
  • Да се предвиди дел за запознавање на родителите со правата и обврските на децата.

По дискусијата, проф. д-р Владимир Ортаковски ја затвори работната средба со заклучок да бидат земени предвид релевантните забелешки и предлози и истите да бидат вградени во текстот на Националната стратегија за превенција на малолетничко престапништво.

 

Д-р Весна Стојковска
секретар на Советот 

Проф. д-р Владимир Ортаковски
Претседател на Советот

Top