Државниот совет за превенција на детско престапништво на седницата одржана на 11 јуни 2024 година усвои документ насловен како Предлог-Годишна програма за работата на општинските совети за превенција на детско престапништво којшто е достапен ТУКА.
Документот има советодавен карактер и има за цел да им помогне на општинските совети при изработка на годишната програма.
Во секој случај останува потребата секој општински совет да ја прилагоди содржината на годишните програми согласно сопствената оцена за активности коишто треба да се преземат во тековната година.