Случајот на Л.Р. против Северна Македонија (апликација бр. 38067/15) се однесува на дете, Л.Р., кое било згрижено во државна установа за деца од кога било на возраст од три месеци. Во поднесената апликација биле изнесени тврдења за несоодветна грижа и нехуман третман. Неговиот случај бил забележан од страна на граѓанска организација откако Народниот правобранител ја посетил установата во 2013 година и го пронашол детето врзано за неговиот кревет.
Европскиот суд за човековите права констатирал дека има повреда на член 3 на Европската конвенција за човекови права (забрана за нечовечко или понижувачко постапување), утврдувајќи дека надлежните оргнаи се одговорни што детето Л.Р. било сместено во установата којашто не била соодветна за неговите потреби, имало недосиг од потребната грижа и детето било подложено на нечовечкото и понижувачко постапување. Воедно, Европскиот суд утврдил и дека постои повреда на член 3 (ефективна истрага) бидејќи надлежните органи пропуштиле да преземат соодветна истрага за случајот.
Judgment L.R. v. North Macedonia – disabled child in public care and neglect (4)