Потпишан Меморандум за соработка со Сојузот на ротари клубовите од Македонија и ЗЕЛС

 

На 8 јуни 2020 година,  во просторите на Градоначалникот на Град Скопје, г-дин Петре Шилегов, а во присуство на Извршниот директор на ЗЕЛС, г-ѓа Душица Перишиќ, се потпиша Меморандумот за соработка помеѓу Државниот совет, претставуван од Претседателката, проф. д-р Гордана Лажетиќ, Сојузот на ротари клубови од Македонија, претставуван од Претседателот, г-дин Николче Петкоски (http://rotarymacedonia.mk/) и Заедницата на единиците на локалната самоуправа во РСМ (http://www.zels.org.mk/), претставувана од Претседателот, г-дин Петре Шилегов.

Со Меморандумот се нагласува организираниот и мултидисциплинарниот пристап во заеднички координирани активности заради поефикасна превенција на детското престапништво, се потврдува заедничката заложба и интересот во развојот и унапредувањето на системот на правда за децата со посебен акцент врз превенција на детското престапништво, се изразува подготвеноста за соработка врз основа на взаемна доверба и разбирање, како и давањето на свој придонес за зајакнување на капацитетите на Државниот совет за превенција на детско престапништво и на општинските совети за превенција на детско престапништво.  

Top