Потпишан Меморандум за соработка со Академијата за судии и јавни обвинители и со Комората на медијаторите на РСМ

Денес (10 јуни 2020 година), во просториите на Академијата, со почеток во 13:30 часот, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители, проф. д-р Гордана Лажетиќ, претседател на Државниот совет за превенција на детското престапништво и м-р Славе Младеновски, претседател на Комората за медијатори на Република Северна Македонија, потпишаа, Меморандум за соработка со кој ја потврдија заедничката заложба за развојот и унапредувањето на медијацијата во системот на правдата за децата.

Со меморандумот ќе бидат опфатени активности со кои ќе се подигне свеста за прифаќање на медијацијата и нејзината примена во случаите на децата кои се во судир со законот и согласно Законот за правда на децата.

За успешна реализација на овие активности ќе биде применет мултидисциплинарен пристап.

Првите луѓе на институциите – потписници согласно Меморандумот се обврзаа да обезбедат континуирана, заемна поддршка за реализацијата на сите активности кои ќе се остваруваат преку: имплементација на стратешки документи и годишни програми, поддршка на законски решенија за задолжителен обид за медијација во системот на правдата за децата, организрање и спроведување специјализирани обуки за медијатори со право на стекнување на сертификати, организирање на заеднички семинари, траклезни маси и дурги едукативни настани поврзани со медијацијата во системот на правдата за децата со учество на претставници од правосудните органи, експерти и медијатори од државата, од регионот и пошироко, студиски посети и т.н.

Придобивките од примената на медијацијата се многу големи, но во нашата држава, посебно, во судските постапки во кои се вклучени деца скоро и да не се применуваат.

Top