Поддршка на ВПД Тетово во Волковија од страна на Ротари Клубот Скопје-Центар

На состанокот на Ротари Клубот Скопје-Центар одржан на 23.03.2021 година, директорот на ВПД Тетово, Даниел Антовски, раководителот на одделот за ресоцијализација м-р Наташа Ристовска и претседателката на ДС, проф. д-р Гордана Лажетиќ го претставија ВПД Тетово, неговите потореби во однос на училишне прибор, медицински материјал, ИТ опрема и телевизори, како и поддршка во изведување креативни работилници со децата со цел стекнување определени вештини и знаења.

Соработката со Ротари Клубот Скопје-Центар е во рамките на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу ДС и Сојузот на ротари клубовите од Македонија.

Според Претседателот на клубот, г-дин Гоце Наневски, постојат можности за поддршка и натамошна соработка.

Top