Остварена средба со Министерот за локална самоуправа Г-дин Сухејл Фазлиу

На 08.02.2019 година преставниците на Државниот совет за превенција од детско престапништво Г-ѓа Гордана Лажетиќ и Г-дин Миле Гиновски остварија работна средба со Министерот за локална самоуправа Г-дин Сухејл Фазлиу.
На средбата преставниците на советот го запознале министерот со обврските што ги имаат општините за формирање на општинските совети за превенција од детско престапништво согласно Законот за првада за децата.
Министерот бил запознаен со одредбите од Законот за правда за децата во делот на превенција и му е доставен Предлогот за измени на Законот за локалната самоуправа во овој дел.
Средбата беше исклучително продуктивна со оглед на расположеноста на министерот да вложи напори за остварување на обврските што советите на општините ги имаат.
Министерот презема обврска да одржи работна средба со градоначалниците, на којашто ќе бидат повикани и претставници од ДС, каде ќе им биде презентирана обврската што ја имаат за формирање на општинските совети.

Top