На 06.02.2019 година Претседателот на Државниот Совет за превенција од детско престапништво Вукељ Ваљдета Потпретседателот Цена Чаловска и членовите Невена Петровска и Гордана Лажетиќ имаа работна средба со Министерот за правда Г-ѓа Рената Дескоска.
На средбата се дискутирало за надлежноста што ја има Државниот совет за превенција од детско престапништво согласно Законот за правда за децата, Програмата за работа на Државниот совет за 2019 година како и за сите други актуелни прашања поврзани со работата на советот.
Преставниците на Државниот совет за превенција од детско престапништво ја запознаа Г-ѓа Дескоска со актуелните состојби со детското престапништво и активностите што ги превзема советот за реализација на неговите надлежности.
Исто така на средбата стана збор и за одредени проблеми со кои се соочува советот во реализација на одредени активности.
Министерката Г-ѓа Рената Дескоска на преставниците на советот им даде поддршка за реализација на планираните активности и спремност на Министерството за правда да даде техничка помош и поддршка.