Во Кавадарци беше одбележан 18-ти октомври, Меѓународниот ден за борба против трговија со луѓе, со акцент на децата како најчести жртви на овој вид на криминал.
Во одбележувањето беа вклучени ученици и наставници од средните училишта, и тоа, гимназијата „Добри Даскалов“, ЗШУЦ „Ѓорче Петров“, ЕМУЦ „Киро Спанџов -Брко“, како и волонтери на Црвениот крст што се дел од Општинскиот совет за превенција од детско престапништво-Кавадарци.