На 4-тата седница одржана на 22.02.2022 година, Државниот совет расправаше за значењето и предностите на алтернативните (вонзатворските) санкции и мерки.
Меѓународниот експерт на УНИЦЕФ, Ингрид ван Велзенис, имаше презентација на тема: Одвраќање, вонинституционални (незатворски) казни и предвремен отпуст (од установа) на децата во судир со законот
Потоа следуваше динамична расправа на членовите на Државниот совет коишто заклучија дека оваа тема заслужува внимание за подетална анализа која треба да помогне, од една страна, да се подигне свеста за предностите и бенефитите на овој облик на санкции, а од друга страна, да се охрабрат практичарите за почеста примена на решенијата што се содржани во Законот за правда за децата.