Акциски план за спроведување на Стратегијата за превенција и правда на децата

Во текот на процесот за подготовка на Националната Стратегија за превенција и правда за децата, беше изработен и Акциски план за нејзино спроведување. Активностите во Акцискиот план се разработени во смисла на надлежен орган, партнерски органи и организации што треба да бидат вклучени за да се оствари соодветната стратешка цел, при едновремено определување на тајмингот за преземање на активностите. Единствено во однос на буџетските импликации, имајќи го предвид статусот на Дражвниот совет за превенција на детско престапништво се користи генерална определба „Министерство за правда (МП), УНИЦЕФ и други домашни или странски партнери“ со цел да се овозможи обезбедување соодветни буџетски средства за успешно остварување на целите предвидени во Стратегијата.

Top