19 Седница на ДСПМП

Со поддршка од проектот „Младите правници за поприлагоден систем за правда за деца“, финансиран од Европската Унија, Државниот совет за детско престапништво и правда за деца ја одржа својата 19-та седница, организирана како работна средба со претставници на организациските единици за криминалистичко-разузнавачка анализа од секторите за внатрешни работи.

Средбата беше посветена на презентација, обучување и обезбедување усогласен пристап во прибирањето на податоците утврдени со индикаторите за следење на имплементацијата на Законот за правда за деца. Ова е првата од планираните три работни средби посветени на оваа тема.

Преку зајакнување на професионалците од различните сектори во системот за правда за деца, ќе се овозможи поправилно и посеопфатно согледување на состојбата на децата во контакт со законот, што ќе придонесе за функционално креирање на политики засновани на проверени и точни податоци.

Top